Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 17 септември 2014, 11:00, во Македонија
Share |
Print page

Виталиа отвора електронска продавница

Виталиа отвора електронска продавница

Македонскиот бренд Виталиа отвора електронска продавница. Целта е здравите продукти на овој бренд, кој веќе 21 година ги снабдува домашниот и странските пазари со квалитетни и оригинални здрави производи, од сега да бидат поблиску до потрошувачите.

“На брз, лесен и едноставен начин, преку нашата електронска продавница www.shop.vitalia.com.mk , сега потрошувачите имаат 24 часовна можност, секој ден во неделата, да ги одберат и нарачаат своите омилени здрави  производи под брендот Виталиа и тоа мусли, барови, диететски производи, сушени овошја, вегетеријански продути и многу други“ – изјави Искра Ветаџокоска - Муцунска, управител и ко-сопственик на Виталиа.

Ваквата одлука, вели Муцунска е резултат на потребата која ја наметнува динамичниот животен ритам.

Инаку, плаќањето на нарачките ќе се извршува само по електронски пат, а доставата на селектираните производи ќе биде можна за целата територија на Република Македонија. А од 16ти до 26 ти септември Виталиа организира промотивен период со бесплатен транспорт за сите нарачки над 399 ден.

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ