Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 15 септември 2014, 14:24, во Македонија
Share |
Print page

Мак Аутостар прослави 20 години

Мак Аутостар прослави 20 години

Генералниот застапник на Mercedes-Benz и Mitsubishi Motors во Македонија компанијата Мак Аутостар прослави 20 годишен јубилеј на македонскиот пазар. Прославата беше организирана во салонот на Мак Ауто Стар во присуство на познати јавни личности и странски гости, лица од естрадата и голем број претставници на медиумите.

„Навистина е убаво чувството да се биде сведок на две децении развој и одржување на врвот на една компанија како што е Мак Аутостар, една меѓу првите автомобилски компании од осамостојувањето на Македонија.  Под мотото – Посветени како никој друг – прославуваме 20 годишен јубилеј, за што сведочат 20 години успешна приказна, која продолжува и денес, да го дадеме најдобро на сите оние кои го очекуваат најдоброто. Би сакал да изразам голема благодарност од името на Мак Аутостар до сите наши верни клиенти, пријатели и соработници, со чија помош успеавме да го постигнеме сето тоа“, изјави генералниот директор на Мак Аутостар, Зоран Марковски.

Освен пријателите на Мак Аутостар, како и познати личности од јавниот живот, специјално за прославата допатуваа и главниот директор за продажба и маркетинг на Mercedes-Benz патнички возила за Централна и Источна Европа. Азија и Африка, Јоханес Фриц, потоа Главниот Извршен директор на Mitsubishi Motors за Европа, Томохиса Нишина, како и сопственикот на Мак Аутостар и еден од сопствениците на групација Betz, г-нот Tомас Бец.

На настанот гостите  имаа прилика да уживаат во музиката на 20 члениот оркестар на Македонската Радио Телевизија БИГ БЕНД, заедно со Џон Илија Апелгрен, а на сосема уникатен, мултимедијален начин беше одбележан и моментот на прославувањето на 20 годишниот јубилеј на компанијата со познатиот танчер Илија Карадаковски.

Забавата имаше и своја „ѕвезда на вечерта“. Мак Аутостар повторно меѓу првите земји во светот, успеа премиерно да го покаже моментно најпосакуваниот светски автомобил, Mercedes-Benz S-Coupe.

Прославувањето траеше до доцните ноќни часови, кога и „журката“ се расжести, со добро познатата Тамара Тодевска, како и Кубанскиот Кристал бенд.

 

 

 

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ