Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 18 август 2014, 14:35, во Македонија
Share |
Print page

Ќе се модернизира електронската комуникација помеѓу државните институции

Ќе се модернизира електронската комуникација помеѓу државните институции

Електронската комуникација помеѓу државните институции ќе се модернизира преку надградба на Системот за интероперабилност. Се очекува поедноставување на административните постапки и воведување на електронски административни услуги.

„Огласот за јавна набавка за модернизација, проширување и адаптирање на Системот за интероперабилност е објавен на 25 јули оваа година и ќе биде отворен до 9 септември, до кога заинтересираните фирми ќе можат да поднесуваат свои понуди. Првичната цена која е предвидена за реализација на проектот пред одржувањето на електронската аукција изнесува 70 милиони и 150 илјади денари“,  рече министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски.

По евалуацијата на понудите ќе следи и електронска аукција со негативно наддавање и намалување на цените.

Со новите решенија системот ќе биде надграден во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за вработување, фондовите за здравствено осигурување и за пензиско и инвалидско осигурување, Министерството за транспорт и врски, Управата за водење на матични книги, Министерството за економија, Министерството за животна средина, Управата за имотно правни работи, Градот Скопје, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Основниот Суд 2 и Управниот Суд.

Ивановски посочи дека исто така треба да бидат надградени и постоечките веб портали на овие институции.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ