Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 24 јули 2014, 09:37, во Македонија
Share |
Print page Посредникот за спорот со името во посета на Скопје и Атина

Нимиц: Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина

Нимиц: Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина

Посредникот на Обединетите нации за решавање на спорот за името помеѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, на 28 јули ќе пристигне во посета на Македонија.

„Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина наредната недела“, изјави Нимиц за програмата „Гласот на народот“.

На 28 и 29 јули ќе има средби со македонскиот државен врв, а на 30 јули Нимиц заминува за Атина каде ќе има разговори со раководството во Грција.

„Ќе поминам две деноноќија во Скопје и во Атина со државниот врв на двете земји, на кој се надевам на заемно прифатливо решение за спорот околу името“, потенцира Нимиц.

Медијаторотот истакна дека очекува добра соработка со новонаименованиот преговарач за името од македонака страна, Васко Наумовски, како што имал и со неговиот претходник Зоран Јолевски.

„Му посакувам се најубаво на господинот Јолевски на новата функција и очекувам плодна соработка со амбасадорот Васко Наумовски како нов преставник во преговорите од македонска страна“, изјави посредникот во разговорите за спорот за името Метју Нимиц за програмата „Гласот на народот“.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ