Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 22 јули 2014, 16:10, во Македонија
Share |
Print page

Македонија е дел од „Креативна Европа“

Македонија е дел од „Креативна Европа“

Република Македонија ќе учествува во програмата „Креативна Европа” на Европската унија, наменета за културните и креативни сектори.

Договорот за учество во програмата, денес во Брисел, го потпишаа амбасадорот во Мисијата на Република Македонија Андреј Лепавцов и генералниот директор во Генералниот диркторат за образование и култура на Европската Комисија, Јан Трушчински.

„Креативна Европа” е нова програма на Унијата наменета за културните и креативните сектори во Европа, усвоена од Советот на Унијата на 5 декември минатата година и се однесува на периодот од 2014 до 2020 година. Во стратешка и политичка смисла, оваа програма произлегува од актуелните политики на ЕУ како што се „Стратегијата 2020” и Лисабонската стратегија.

Новата програма се базира врз позитивните искуства на трите програми: култура, медија и медија мундус (од 2007 до 2013 година), кои се редизајнирани и присоединети во новата програма.

Буџетот на новата програма на ЕУ изнесува 1,5 милијарди евра за период од седум години, а овие средства се наменети за аудиовизуениот сектор (потпрограма „медија”), културните и креативните сектори (потпрограма „култура”), како и за меѓусекторска соработка.

Со потпишувањето на овој Договор, Република Македонија стана полноправен учесник во потпрограмата „Култура на Креативна Европа” од 2014 година, а македонските културни оператори се полноправни корисници на програмата.

Инаку, „Креативна Европа” е централизирана програма на ЕУ и со неа на европско ниво управуваат Европската комисија и Извршната агенција за образование, аудиовизуелна дејност и култура. На национално ниво надлежен орган за спроведување на „Креативна Европа” останува Министерството за култура.

Градењето на институционални и професионални капацитети како и трнаснационалната циркулација во култуниот сектор се приоритети на потпрограма „Култура” во рамки на Креативна Европа 2014 – 2020 година, а особен акцент е ставен на креирање нови пристапи за развој на публиката и градење на одржлива публика на европско ниво.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ