Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 10 јули 2014, 13:35, во Македонија
Share |
Print page

Иванов: Државата е подготвена за предизвиците

Иванов: Државата е подготвена за предизвиците

„Протести се дозволени секаде, меѓутоа насилството не се толерира. Во државата има институции кои функционираат и се справуват со предизвиците. Оттаму надлежните институции преземаат се што е потребно за да спречат какви било појави на насилство“, изјави денеска во Охрид претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во врска со протестите за пресудата за случајот „Монструм“ и повеќекратното убиство кај Смилковското Езеро.

Претседателот Иванов појасни дека постојано е во контакт, во координација, со сите надлежни институции за сите активности што се преземаат за актуелната ситуација, нагласувајќи дека службите одговорно ја вршат работата и ги доставуваат анализите за што, како што истакна, јавноста благовремено ќе биде известена.

„Имало и ќе има такви настани, но не смееме да дозволиме страв кај населението и недоверба во институциите. Граѓаните ни ја дале довербата и ние сме одговорни пред нив да ги преземеме сите активности за да не дозволиме да се случуваат насилни акти во државата“, рече Иванов, притоа укажувајќи дека едни исти лица ја користат вознемиреноста кај населението за да освојуваат дневнополитички поени.

За начинот на кој по однос на пресудата за случајот „Монструм“ реагираа одредени кругови од политичката јавност во соседството, пред се во Тирана и Приштина, Иванов забележа на потребата претходно да се имаат сите сознанија, па да се даваат какви било реакции.

„Со такви акти како палењето на знамето во Косово, тие повеќе си наштетуваат себеси затоа што сликата за Косово ја пренесуваат низ светот, а сите знаат што Македонија направи за остварувањето на државноста на Косово. Така што сите такви насилни акти како палењето на знамето, оди на нивна штета и ќе се одразува на начинот како врз нив ќе гледат во светот“, истакна претседателот Иванов.

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ