Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 08 јули 2014, 14:07, во Македонија
Share |
Print page

ГРОМ доби заменик-министер во новата Влада

ГРОМ доби заменик-министер во новата Влада

Заменичко-министерска фотелја во ресорот за локална самоуправа добива Љупчо Пренџов од партијата на Стевчо Јакимовски ГРОМ. Заедно со него уште петмина нови заменици министри предлага премиерот Никола Груевски. Останатите министерства остануваат со досегашните кадри на овие позиции

Шест нови имиња се најдоа на листата на заменици министри којашто премиерот Никола Груевски денеска до Собранието. Зоран Петров си оди од надворешни работи, на негово место доаѓа Драгана Кипријановска, досегашниот министер за образование Спиро Ристовски станува заменик на на Абдулаќим Адеми во секторот образование, а воТранспорт и врски - Ниметула  Хаљими.

Во Министерството за одбрана нов заменик министер е екс пратеникот на ДУИ Арбен Лабуништа, а во тоа за локална самоуправа Љупчо Пренџов  од ГРОМ, додека во министерството за земјоделство ќе седне Ванчо Костадиновски, досегашниот директор на Централен регистар.

Во останатите ресори останувата старите решенија.
 
Во МВР – Земри Ќамили, во правда Билјана Бошковска - Бричковска,  во економија Христијан Делев, во финансии – Ардиан Џеладини , во здравство- Јовица Андоновски, во труд и социјала Ибрахим Ибрахими, во информатика Марта Арсовска Томовска, во животна средина Стево Темелковски.
 
Според најавите  од собрансикиот спикер се очекува седницата на која ќе се избираат замениците да се оддржи во четврток.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ