Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 11 јуни 2014, 11:09, во Македонија
Share |
Print page

Даночна дисциплина преку листа на должници

Даночна дисциплина преку листа на должници

Државата ќе го штити буџетот и ќе ја јакне даночната дисциплина преку листа на должници. На web страната на Управата за јавни приходи е објавена листата на граѓани и компании кои не и плаќаат данок на државата.ж

Должниците се објавуваат за неизрамнети сметки со државата по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физички лица и самостојни вршители на дејност ќе се најдат на листата доколку вкупниот износ на долгот им е повисок од 120.000 денари, а правни лица ако долговите им се над 300.000 денари.

Листата нема да содржи должници за долгови кои се утврдени со даночни акти, а за кои се води управна или судска постапка, како и за долгови за кои е одобрено одложено плаќање.
Листа на должници ќе се објавува секој месец.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ