Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 10 јуни 2014, 15:48, во Македонија
Share |
Print page

Сите годишни ДДВ обврзници, преминуваат во тримесечни

Сите годишни ДДВ обврзници, преминуваат во тримесечни

Сите даночни обврзници кои од 1 јули преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници, a ако не се регистрани треба да се регистрираат  на системот на е-даноци на web-страната на Управата за јавни приходи.

Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност, се укинува можноста како даночен период да се смета календарска година. Во насока на имплементација на законските измени, Управата за јавни приходи на сите годишни ДДВ обврзници кои од 1 јули 2014 година преминуваат во тримесечни ДДВ обврзници ќе им достави решение за измена на даночен период за ДДВ.

Како што соопштува УЈП, за прв даночен период во 2014 година ќе се смета периодот од 1 јануари до 30 јуни 2014 година за кој оваа категорија на ДДВ обврзници ќе треба да поднесат ДДВ-04 пријава преку е-Даноци и да извршат плаќање на ДДВ-обврската најдоцна до 25 јули 2014 година.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ