Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 22 мај 2014, 12:40, во Македонија
Share |
Print page

Банките во април дале 7,1% повеќе кредити отколку лани

Банките во април дале 7,1% повеќе кредити отколку лани

Банките одобриле 7,1% повеќе кредити во април годинава споредено со истиот период лани, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Поголем пораст се забележува кај кредитирањето на граѓаните, додека пак кредитната поддршка за приватните фирми се уште расте слабо. Наплатата на кредитите во април повторно се влошила и според податоците банките не можат да наплатат 428,6 милиони евра. 

Ако се анализира периодот од јануари до април годинава, банките одобриле 61,9 милиони евра повеќе кредити. Првиот човек на Здружението на банкари и генерален директор на НЛБ Тутунска банка, Ѓорги Јанчевски, вели дека очекувањата за побрзо заздравување на економијата годинава оставаат простор да се очекува и зголемување на кредитирањето од банките.
„Банките се подготвени да го поддржат бизнис секторот бидејќи се уште се многу ликвидни, процентот на парите што го држат во државни и благајнички записи е се уште висок што значи дека растот на депозитите е поголем отколку растот на кредитите. Она што охрабрува се податоците од првите месеци од годината кои  укажуваат на тоа дека годинава ќе имаме позасилено кредитирање отколку лани“, изјави Јанчевски.

Депозитите во април се зголемиле за 9,4%, меѓутоа порастот се должи исклучиво на зголеменото штедење на граѓаните, додека салдото на депозити од фирмите се намалило за 46,5 милиони евра за еден месец. Банкарите објаснуваат дека намалувањето на депозитите е последица на исплатата на дивидендата од Македонски Телеком.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ