Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 22 мај 2014, 12:27, во Македонија
Share |
Print page

ПроКредит Банките донираа 550.000 евра за поплавените региони на Србија и Босна и Херцеговина.

ПроКредит Банките донираа 550.000 евра за поплавените региони на Србија и Босна и Херцеговина.

ПроКредит Банките во Бугарија, Косово, Македонија и Албанија како и Банките во Босна и Херцеговина и Србија отворија посебен фонд и донираа вкупно 550,000 евра за помош на засегнатите региони.

Овие средства ќе бидат пренасочени преку иницијативата на 6-те банки под име ,,Соседи за соседи”.

ПроКредит Банките во Босна и Херцеговина и Србија ќе ги дистрибуираат донираните средства за засегнатите региони – во форма на хуманитарна помош: лекови и средства за хигиена, вода и храна, опрема за помош и други потребни нешта.

“Важно е помошта да стигне што е можно побрзо и да е во најпрактична форма. Затоа и започнавме неколку иницијативи. Финансиска помош за настраданите региони е само една од тие иницијативи”, вели Светлана Толмачева, Претседател на Управниот одбор на ПроКредит Банка, Србија.

“Се надеваме дека потребната помош брзо ќе стигне до оние на кои им е најпотребна. Им благодариме на ПроКредит банките за разбирањето на потребите на луѓето кои претрпеа големи загуби. Приоритетно е да се фокусираме на недостатокот на лекови и медицински средства”, изјави Един Хрњица, член на Управен одбор на ПроКредит Банка Босна и Херцеговина.

“ПроКредит Банка Македонија е вклучена во оваа иницијатива ,,Соседи за соседи,, не само како институција, туку и со вработените. Солидарност и реакција на време е најважна во овој момент”, изјави Јованка Јолеска Поповска, Генерален директор на ПроКредит Банка, Македонија.  

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Stvarno
    Објавено на 29.05.2014, од John

    Moze ako odbile od plata na vrabotenite



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ