Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 30 април 2014, 16:00, во Македонија
Share |
Print page

Намалено ДДВ на пет отсто за неколку производи

Намалено ДДВ на пет отсто за неколку производи

Од 18 на пет отсто ќе се намали стапката на Данокот на додадена вредност (ДДВ) за бебешките производи, училишниот прибор, сточната храна и адитивите на сточна или добиточна храна и  жив добиток, информира за одлуката на Владата, премиерот Никола Груевски на прес-конференција.

“Новото законско решение се очекува да стапи на сила по формирање на новиот парламентарен состав и по изгласувањето на одлуката во Собранието што очекуваме да се случи кон крајот на мај или во текот на јуни. Фискалните импликации што ќе ги предизвика законското решение ќе изнесуваат 380 милиони денари на годишно ниво или половина за годинава, бидејќи остануваат уште шест месеци до крајот”, рече Груевски.

Груевски очекува намалување на цените на овие производи за крајните потрошувачи поради тоа што ќе има намалување на данокот што го плаќаат продавачите.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ