Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 26 март 2012, 12:03, во Македонија
Share |
Print page ЕУ АГЕНДА - Капитал анализа

Подготвена ли е Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија?

Подготвена ли е Македонија да ги започне преговорите со Европската Унија?

Од средината на март месец Македонија официјално го започна Високиот дијалог со Европската унија. По тој повод, Капитал го анализира секое од 35-те поглавја во преговорите со Брисел. Кои се забелешките, какви се состојбите на терен и како можат истите да станат подобри.

Со отворањето на преговорите, Хрватска и Исланд отворија и затворија неколку поглавја за само еден ден. Ќе може ли и Македонија да го стори истото и на тој начин да ги затвори преговорите во најбрз можен рок?

 

 Зошто Македонија не ја заштитува интелектуалната сопственост?
(18 мај 2012 година)

Доволно е само да се погледнат извештаите на релевантните меѓународни организации за да се види дека во Македонија сè уште не постои свест за придобивките од заштитата на интелектуалната сопственост. Единствено раздвижување, кое се бележи и во Извештајот, но и според статистичките податоци, е сè поголемата заштита на трговските марки

 

 Независни регулаторни тела - основен предуслов за поглавјето 10!
(11 мај 2012 година)

Со недоречените закони кои ги регулираат областите информатичко општество и медиуми Македонија уште долго ќе талка низ институционалните лавиринти во исполнувањето на критериумите за затворање на поглавјето 10. Преку контроверзниот Закон за следење на електронските комуникации и недонесениот закон за медиуми, Македонија само декларативно покажува дека сака да ги донесе европските вредности во земјава, велат познавачите

 

 Неуспешен попис не враќа чекор назад во поглавјето "Статистика"
(04 мај 2012 година)

Иако во минатогодишниот извештај Европската комисија забележала добар напредок во однос на спроведените реформи од поглавјето „Статистика“, сепак, пропаднатиот попис нè враќа на самиот почеток. Ослободувањето од политичките спреги треба да е алфа и омега во спроведувањето на статистиката, а пропаднатиот попис го докажа токму спротивното, велат упатените

 

 Со монетарна политика која ѝ служи само на стабилноста, а не на реалниот сектор, тешко до ЕУ!
(27 април 2012 година)

Дволичната политика која ја спроведува земјава на тој начин што пред Брисел промовира стратегии кои подоцна воопшто или нецелосно ги спроведува во практика ќе биде најголемата пречка при затворањето на 17-тото поглавје, економска и монетарна политика, и покрај тоа што забелешките на Брисел во последниот извештај за ова поглавје се позитивни

 

 Во ЕУ нема место за нелојална конкуренција и фаворизирани компании!
(20 април 2012 година)

Конкурентноста и добрата бизнис-клима за малите и за средните претријатија ќе биде главниот фокус на Брисел во моментот кога ќе се преговара поглавјето 20 - претпријатија и индустриска политика. Ќе најдат ли Брисел и Скопје заеднички јазик за нелојалната конкуренција и фаворизираните компании?

 

 Поглавјето Царина лесно ќе ја премине границата на ЕУ!
(06 април 2012 година)

За разлика од Хрватска која поглавјето 29 го преговараше речиси три години, на Македонија ќе ѝ треба значајно помалку време за да го направи тоа. Директорот на Царинската управа, Ванчо Каргов, уверува дека сè е подготвено за моментот кога ќе се отворат преговорите за поглавјето Царинска унија

 

 Поглавјето наука и истрaжување лесно ќе го испреговараме... Со повеќе пари и добра стратегија!
(30 март 2012 година)

Поглавјето 25 од преговорите со Европската унија можеби нема да го затвориме за еден ден, како што направија Хрватска и Исланд, но со поголем буџет - процедурата нема да биде долга

 

 Ќе може ли Македонија барем едно поглавје да отвори и да затвори за еден ден?
(23 март 2012 година)

Брисел најчесто како прво го отвора поглавјето каде што има најмногу напредок, велат познавачите. На тој начин се официјализираат преговорите, но и се дава мотивација за да се продолжи понатаму, велат тие. Таков е примерот со Хрватска и со Исланд, кои поглавјето 26 го отворија и го затворија во ист ден. Ќе го може ли тоа и Македонија?

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Vreme e?
    Објавено на 25.06.2013, од Zagrizena!

    Imeto na edna drzava e vazno ,so ime se identifikuva naselenieto.Jas mislam deka nema prostor i logika koga vo prasalnik se stava ime.Kakva glupost i kakvi politicki kakafonii se tie.Zatoa vreme e da se po aktivnoi otvoreno depatira na ovaa tema i da se narodot prasa sto saka i i kako sakat lugeto da se narekuvat vo ostanatiot svet,pa neli Imame istoricari,da gi barat dokumentite od arhivite vnatresno i nadvotesno od drzavata,dajte vie uglednite eliti zalozete se i da stavime kraj na ovaa scenarija sto so godini i godini se vlece.

  • Niki
    Објавено на 07.02.2013, од Evropskia sograganka

    A koja segasna zemja sto e clen vo UNIJATA nema nikakvi ispuneti baranja od samata?Toa se Rumunija i Bugarija,Unijata se zezna koga gi primi vo nivnata familija,napravija greska sto otvoreno denes go kazuvat,i sega se oprezni i se plasat da ne im se sluci istoto ako go povtorat,no pak ja pravat greskata so Hrvatska,tie isto ne se spremni no imat simatizanti od Unijata i ke se ovaa godina vo EU.Treba da imame dobri politicki diplomati i malku da znaeme da lazeme kako Grcive i vo se samite da imame Gordost sprema sebe togas ke se smeni ovoj stil na ocenuvanje od EU.

  • POVTORNO LI?
    Објавено на 19.10.2012, од BANE

    POVTORNO LI NEKOJ RABOTI PROTIV SVOJATA DRZAVA,PROTIV SVOETO SEMEJSTVO.MISLAM DEKA E GOLEMA SRAMOTA VEKJE DA POSTAVUVAME PRASHANJA OD TIPOT..,,NI JA BIVA LI DRZAVATA,,???..BEZ SAMOPOCHIT NE MOZEME DA OCHEKUVAME DRUGI DA NE POCHITUVAAT.KOJ ZARABOTUVA OD VAKVI NECHOVECHKI DELA???A I EVROPA NE ZASLUZUVA VAKA DA I SE PONIZUVAME...DOVOLNO E TAA SAMOPONIZENA.

  • DA ZA EU
    Објавено на 10.10.2012, од Zan Gligorov

    A koj vo Makedonija umira za lep ?
    Boze cuvaj ne od takvi gluposti

  • anti-eu
    Објавено на 16.07.2012, од we

    DO ZA EU

    Ne be ke go smenime imeto za fiktivna organizacija narecena EU kade tece med i mleko

Предходни12Следни


РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ