Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 12 август 2011, 16:00, во Македонија
Share |
Print page По драстичниот пад на берзанските индекси

30 милиони евра изгубија инвеститорите на Македонската берза за четири дена!

Маја Бајалска-Георгиевска
30 милиони евра изгубија инвеститорите на Македонската берза за четири дена!

Рекордни 30 милиони евра изгубија инвеститорите кои поседуваат акции од десетте компании што го чинат главниот берзански индекс на Македонската берза, МБИ-10 за само четири дена. Во екот на лошите вести за намалениот кредитен рејтинг на САД и разгорувањето на должничката криза во ЕУ со проблемите на Италија и на Шпанија почна да паѓа и МБИ-10. Од четвртокот минатата недела до средата неделава, кога МБИ-10 оствари раст од 3,45%, вкупната пазарна капитализација на десетте компании се намали за 30 милиони евра. Според пресметките на “Капитал“, од 439 милиони евра збирот на пазарните капитализации на сите 10 компании се намали на 409 милиони евра. Најмногу од својата пазарна вредност загубија најтргуваните акции. Тоа се Комерцијална банка, чија пазарна капитализација се стопи за речиси 10 милиони евра, и Алкалоид, чија вредност на Берзата падна за 5,4 милиони евра. И Макпетрол и Макстил изгубија многу од “цунамито“ кое ја зафати Берзата во Скопје - Макпетрол 4,7 милиони евра, а Макстил 4,4 милиони евра од пазарната капитализација.Тие што го следат тргувањето на Берзата во Скопје ќе се согласат дека деновиве, необично за македонскиот пазар, осцилациите на светските берзански индекси експресно се пресликаа на МБИ-10. А токму тоа е и причината за големата загуба од вредноста на македонските блу-чипови. Каква е психологијата на тие што моментално тргуваат и што може да се очекува во следниот период? Крсте Шајноски, универзитетски професор, вели дека според тоа што се случуваше деновиве на Македонската берза, може да се заклучи дека инвеститорите во следниот период ќе се однесуваат водени од информациите кои ќе доаѓаат од странските берзи...

Целиот текст може да го прочитате тука


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Уште колку ке се губииии?
    Објавено на 22.12.2011, од Дон

    Нема везе,какви странски берзи,само треба да се приказуваат вистинските добивки и да се делат во дивидента инаце зашто да се влозува во акции,а за тоа треба да се направи клима од КХВ со нови предлози за измени во законите за трговски друШтва и ХВ.



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000


Капитал изданија

РЕКЛАМИ