Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Download PDF

Објавено 12 ноември 2013, во Магазин
Share |
Print page ...Позицијата на Капитал...

До кога со реформи во здравство?

Верица Јорданова
До кога со реформи во здравство?

Можеби е време да се одмориме од реформите во здравството. Многу беа. Време е освен за нова медицинска опрема, да се одвои сериозен буџет и за превентивни програми. Акцентот да се стави на штитење на здравјето, а не само на опремата со која ќе се лечиме!

Дури 78% од Македонците умираат од срце, рак и дијабетес. Притоа, третина од починатите се помлади од 60 години. Анализирајќи ги овие податоци, Светската здравствена организација пресметала дека губејќи младо и работоспособно население Македонија секоја година доживува и удар врз својата економија. Тие пресмателе дека со раст од само 10% во секоја од овие болести, бруто-домашниот производ на земјата се намалува за 0,5%. И така секоја година. Но, прашањето е кој го слушнал ова? Дали седнал министерот за здравство Никола Тодоров сериозно да ги анализира трендовите во изминатите години и да направи опсежна и издржана програма чија основна цел ќе биде превенцијата?! Со зајакнување на превентивата, да се подобри “крвната слика“ на населението па потоа да може да фали со подобрена здравствена заштита.Во една изјава Тодоров само спомена дека со поддршка на СЗО стартуваат проект во неколку клинички центри за превентивна кардиологија и толку.

Прашање е во целава збрка за вадење електронски здравствени картички, гонење на матичните лекари електронски да ти закажат термин кај специјалист и молење бога системот да не падне за да завршиш работа, дали воопшто некој во земјава слушнал дека постојат и превентивни програми, ниту пак знаат каде да се обратат, кому да се јават и каде да се упатат?...Зошто оваа важна и воедно застрашувачка информација дека се повеќе млади луѓе умираат од болести кои можеле и да се спречат, остана на ниво на “дневен настан кој треба да се покрие“, што би кажале новинарите? Зарем веќе не требаше да се вклучи црвениот аларм кај надлежните институции, но и кај лекарската фела и да се покрене една силна јавна дебата како да се спречи овој галопирачки тренд кој за жал добива, епидемски размери. Зошто јавно не се отвори прашањето кои се ефектите од досегашните речиси секојдневни реформи на министерот за здравство без ниедно известување какви ефекти дадоа истите. Оттука и логичното прашање: ако здравствената состојба на Македонците се влошува и покрај спроведените реформи и потрошени пари во јавното здравство нели е време сегашниот систем на здравствена заштита да се прати на сериозно, длабинско и стручно скенирање. Кој знае, можеби е време за рестартирање?


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА