Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Download PDF

Објавено 12 ноември 2013, во Магазин
Share |
Print page Executive

Зошто нема баланс меѓу работата и приватниот живот

Зошто нема баланс меѓу работата и приватниот живот

Лекции од Харвард бизнис школата

Хауард Стивенсон, легендарен професор по претприемништво од универзитетот Харвард, смета  дека сите ние се бориме да балансираме меѓу најмалку седум различни страни на нашиот живот: семејната, социјалната, духовната, физичката, материјалната, личната и професионалната.
Според него,  повеќето од нас се обидуваат да добијат „петка“ во сите тие области, што е благородно, но таквите амбиции водат до „прегорување“

Хауард Стивенсон, професор кој започнал со сега веќе легендарната програма за претприемништво во Бизнис-школата на Харвард го презира терминот „баланс меѓу работата и животот“, затоа што според него, тоа е премногу симплифициран приказ. Тој го поистоветува животот на еден човек со жонглирањето со јајце, топче за тенис и нож во раката додека се движиш по греда – на Олимписките игри. Тој вели дека сите ние се бориме да балансираме меѓу најмалку седум различни страни на нашиот живот: семејната, социјалната, духовната, физичката, материјалната, личната и професионалната. Стивенсон смета дека повеќето од нас се обидуваат да добијат „петка“ во сите тие области, што е благородно, но таквите амбиции водат до „прегорување“. Како што вели еден претприемач во неговата книга: „Секое утро се будам прашувајќи се кого ќе разочарам денеска“. Животот е динамичен процес во текот на кој постојано правиме избори и компромиси меѓу седумте страни на нашата личност.

Според Стивенсон, тајната лежи во тоа да можеме да одредиме кои се поприоритетни во секој период од нашиот живот и постојано да го менуваме фокусот во зависност од ситуацијата. За да знаеш на што да се кнцентрираш треба да знаеш што ти е најбитно во секој момент. Стивенсон го истакнува примерот на негов пријател, успешен претприемач, кој ја продал компанијата за голема сума пари. Човекот дотогаш успешно балансирал меѓу работата, семејството и играњето голф, но сега се нашол себеси во ситуација да може да прави што ќе посака, а се чувствувал целосно изгубено. Грешката што ја направил тој, а и многу други како него, смета Стивенсон, е во тоа што паднал во стапицата кога не си поставуваат едноставни прашања, како „Дали сега сакам да ги правам истите нешта како лани?“, „Дали причината поради којашто ја прифатив работава се уште важи?“. По извесно време успешниот претприемач сфатил дека всушност, не сакал да промени ништо, тоа што го правел порано е тоа што го исполнувало целосно: да работи за да го снабди семејството со се што му треба. Токму поради тоа, се насочил кон својата професионална страна и отворил нова компанија.

Мамење на пасијанс

Уште една грешка којашто често ја прават луѓето е она што Стивенсон го нарекува „мамење на пасијанс“. Џејмс, поранешен студент на Стивенсон на Бизнис-школата на Харвард, бил фрустриран од неговата работа во агенција за недвижности. Тој бил многу интелигентен и највреден од сите вработени, но никако не напредувал. Стивенсон вели дека Џејмс мамел на пасијанс – тој момент кога си ја добивал играта, но знаеш дека нема да ја извлечеш последната карта којашто ти треба, па ја вадиш од дното на купчето карти. Џејмс мислел дека би бил добар проект-менаџер во агенцијата, но ги немал потребните вештини и емоционалната интелигенција за да предводи тим. Му недостигала таа карта, но не си признавал – мислел дека може да победи дури и ако ја немал суштинската вештина за да напредува во работата. Кога искрено се соочил со тој факт, веќе бил подготвен за да се префрли на друга позиција, аналитичка, која одговарала на неговите таленти, со што се намалила и неговата фрустрација.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА