Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kapital Media Group настани

“Фондовите на ЕУ – можности и перспективи”


Датум: понеделник, 01 октомври 2007, х.Александар Палас, Скопје
Организатор: Капитал Медиа Груп
Цена: 150 евра+ДДВ


ИПА
Претпристапната програма на Европската Унија во следните три години (2007-2009) за Македонија предвидува 210,5 милиони евра. Како земја кандидат за членство во Унијата имаме право да се вклучиме во искористување на сите пет компоненти.

Првата се однесува на институационалната надградба на земјата, втората е за прекугранична соработка, третата компонента е за регионален развој во рамки на која се опфатени бројни клучни инфраструктурни проекти.

Четвртата ИПА компонента за развој на човековите ресурси опфаќа програми за едукација и обука согласно потребите на деловниот сектор при што еден од приоритетите е поттикнување на внатрешната мобилност на кадрите.

Петтата компонента за рурален развој (ИПАРД) е една од поамбиционзите чија крајна цел е македонскиот аграр да се доближи до европските стандарди, да стане поконкурентен и да се зголеми извозот.

Целта на конференцијата е учесниците да дојдат до одговорот на следниве прашања: 
l Кои и колку фондови и се на располагање на Македонија? 
l Кои средства се оперативни во мометов? 
l Како можат истите да се користат? 
l Која е технологијата на тендерирање и исплата на средствата? 
l Кои се нивните потенцијални корисници? 
l Како треба Македонија подобро да се подготви за нивно поефикасно користење? 
l Какви се регионалните искуства во користењето на претпристапната европска помош?


Бено Штер е познат словенечки консултант специјализиран за доаѓање до неповратни финансиски средства од Европската Унија и изработка на квалитетни проекти по европски терк.

Како да дојдете до пари? Како да најдете европски фондови за финансирање на Вашите деловни идеи? Како да развиете креативна идеја и како да го изработите проектот кој со сигурност ќе помине во европските структури? Одговорот на овие прашања се токму негова специјалност. Поради успешноста на неговите обуки и изработени проекти за финансирање од ЕУ, Штерн е познат и баран не само во Словенија, туку и пошироко на Балканот од страна на компании, невладини организации, државни институции и многу други.


Зошто треба да учествувате на оваа конференција:
 
l Затоа што Вие сте потенцијален корисник на ИПА! 
l Затоа што треба да имате проактивна улога во трансформирањето на општеството во евроинтегративниот процес! 
l Затоа што тоа е шанса да ги добиете вистинските одговори од страна на вистинските луѓе и институции! 
l Затоа што оваа конференција е место каде што ќе ги запознате вистиските контакти за идното Ваше вклучување во користење на ИПА!

КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен
Магазин 783




РЕКЛАМИ