Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kapital Media Group настани

Обука "Изработете го својот проект за ИПАРД програмата за рурален развој”


Датум: четврток, 10 декември 2009,
Организатор: Kapital Business Forum


Обука
"Изработете го својот проект за ИПАРД програмата за рурален развој”
10 и 11 декември во Скопје

ИПАРД, европската претпристапна програма на Европската Унија за унапредување на руралниот развој и подигање на стандардите во земјоделското производство од декември оваа година е достапен и за македонските земјоделци и преработувачи. За искористување на европските фондови “тешки” 20-тина милиони евра потенцијалните корисници треба да изработат квалитетни проекти и да ја набават потребната документација.
На дводневната отворен обука "Изработете го својот проект за ИПАРД програмата за рурален развој” учесниците ќе се запознаат со:

- Основните принципи за финансирање на ИПАРД
- Кои се постапките за апликација, каков проект треба да се достави?
- Какви се критериумите за одобрување на финансиски средства, постапките за потпишување на договори  и барањата за исплата по одобрените проекти?
- Потребна документација за сопствената инвестиција која што треба да ја обезбедат во процесот на апликација за финасиските средства од ИПАРД ?

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
- Субјекти од примарно земјоделство
- Преработувачи на земјоделски производи
- Правни субјекти од областа на руралниот туризам и занаетчиството

ШТО ДОБИВААТ УЧЕСНИЦИТЕ?
- Учесниците ќе имаат можност да направат предлог-проект за инвестирање за сопствените фирми и да изготват буџет врз основа на барањата од ИПАРД критериумите и инвестициониот проект за ИПАРД програмите . 

-Информации за стандардите на работење и квалитет кои треба да ги исполнат пред апликацијата
-Информации за расположливи кредитни линии за финасирање на инвестициите  пред кофинасирањето  од ИПАРД фондот  .

ПРЕДАВАЧ
Марија Васкова Рајковчевска, консултант за искористување фондови за рурален развој и сопственик на консултантската компанија Агроменаџер , МС ДООЕЛ

Цена и попусти

14.500 денари + ДДВ
Сите претплатници на Капитал имаат 10% попуст
За секој нареден учесник од иста компанија следуваат дополнителни 10% попуст
Сите студенти имаат 35% попуст на обуката

Повеќе информации и пријавување за обуката:

телефон: 02 2551 441
e-mail: nikolova@kapital.com.mk
web: www.total.com.mk/konferencii

 

 


КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен
Магазин 783




РЕКЛАМИ