Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Kapital Media Group настани

Обука „Унапредување на продажбата во време на криза“


Датум: четврток, 03 декември 2009,
Организатор: Капитал Медиа Гроуп

 

ОБУКА 

„Унапредување на продажбата во време на криза“ 
3 и 4 декември 2009

Организатор
Капитал Бизнис Форум 

Продажбата во време на криза е вистински предизвик за повеќето компании. Зголемување на продажбата, задржување на постојните и стекнување нови купувачи е клучот за деловен успех.

Како да го постигнете тоа?

Дојдете на обуката која треба да ви помогне да си ги одговорите следниве прашања:
- Како да ги сочувате купувачите во услови кога цената има поголемо  влијание на одлуката за купување?
- Како да ја искористите рецесијата за реорганизација на продажбата?
- Како да управувате со продажбата за да обезбедите континуирани порачки?
- Како да воспоставите систем во продажба кој гарантира зголемување на обемот?
- Како да дефинирате продажна стратегија?
- Како да ја поврзете продажбата со маркетинг активностите?
- Како да обезбедите континуиран прилив на информации за ставовите на купувачите и понудата на конкурентите?
- Како да создадете адекватна конкурентска предност?
- Како да го изградите и да го одржувате чувството на лојалност кај вашите купувачи?
- Како вашите купувачи да станат Ваш сектор за маркетинг?

Кој треба да ја посети обуката?

- Директори на продажба и маркетинг
- Сите вработени кои се во непосреден контакт со купувачите
- Менаџментот на компании од која било големина и индустрија

Што добивате?

- Два дена интензивна работа со искусни предавачи од областа на продажбата
- Тимска работа на конкретни примери
- Размена на искуства со останатите учесници на обуката

Предавачи

Миодраг Костиќ има 17-годишно искуство во САД занимавајќи се со корпоративна Б2Бпродажба во малопродажба ( скоро 10 години и као сопственик на малопродажен ланец во Њујорк и Хонолулу ). Последните шест годин и е сопственик на консултантската фирма ВЕЗА д.о.о. во Белград. Дава консалтинг и обуки за продажба за водечки компании во регионот: Зорка Фарма, Интермекс, Office 1 Superstore, Direct Media, Mantacore, CBB, A2B Express, Mediator Trade, Хотел Сплендид, Холцим и други.

Даниел Тавчиовски има големо искуство во организација на продажба во некои од најголемите компании во регионот: Галеника, ИТМ, Аптеке Белград, Вапекс – најголема фабрика за сунѓери на Балканот, Делта Спорт, Рајфајзен Банка, Социете Џенерал Банк, Тропик – најголема приватна компанија во БиХ ... Дел од неговогото искуство е и повеќегодишната работа во Адизес Институтот на пројекти за реорганизација  и подобрување на продажбата во повеќе големи компании во Србија, БиХ и Хрватска.


Цена и попусти

13.500 денари + ДДВ
Сите претплатници на Капитал имаат 10% попуст
За секој нареден учесник од иста компанија следуваат дополнителни 10% попуст
Сите студенти имаат 35% попуст на обуката


Повеќе информации и пријавување за обуката:

телефон: 02 2551 441
e-mail: nikolova@kapital.com.mk
web: www.total.com.mk/konferencii

 


КАПИТАЛ ИЗДАНИЈА

Explanation
Дневен
Магазин 783




РЕКЛАМИ