Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 11 јули 2014, 11:44, во Коментари
Share |
Print page

Зошто „Монструм“ е дефокус од вистинскиот проблем?

Зошто „Монструм“ е дефокус од вистинскиот проблем?

НЕ Албанците, во оваа држава никој не верува во судските одлуки...И  прашањето треба да биде  - зошто!? Кој работел со години на девалвација на македонската правда!?

Катерина Синадиновска

Францускиот судски систем е корумпиран и пристрасен – ова беше првичната „одбрана“ на поранешниот француски претседател Никола Саркози кога пред десетина дена беше обвинет од тамошните органи за „активна корупција“, „трговија со влијание“ и „прикривање и прекршување на професионалната тајна...

Но, во демократска Франција (во која сосема е нормално поранешен претседател да заврши зад решетки), ваквите обвинувања кон судската власт не остануваат без соодветна реакција. Веднаш се јави претседателот на Судскиот совет Жан-Луј Дебре, кој ја искористи ситуацијата за да го подучи и Саркози, но и светот, што всушност претставува судскиот систем во една нормална држава:

„Република Франција, тоа е сон за заедничка иднина. Овој сон за заедничка иднина е жив, ако постои правда која ќе се почитува и ќе биде достоинствена. Кога политичарите ќе започнат, десни или леви, да излегуваат пред судиите, достигнат е еден од темелите... Можете да ги оспорите обвиненијата против вас, но не ги оспорувајте темелите на правдата, бидејќи во тој момент ги доведувате во прашање темелите на Републиката."
Дали оваа изјава на господинот Дебре може да ги прелета 2025-те километри, да стаса од Париз до Скопје и да успее да допре до македонските судии, политичари, граѓани!?Ако се суди по последните случувања веројатно не...

Масовните протести на кои сведочевме во Скопје заради пресудата во случајот „Монструм“ уште еднаш покажаа на кое дереџе е македонскиот судски систем и довербата којашто граѓаните ја имаат во него, но и воопшто во институциите на оваа Република!

Судот носи одлука! Во нормална држава, во која има систем и тој функционира, судската одлука се почитува и точка! Исто како што се почитува полицијата на таа држава! Како што се почитува Владата, Парламентот, Претседателот... Зошто? Затоа што се верува дека системот и државата ги штитат граѓаните, работат во нивен интерес и нивните одлуки се за доброто на сите.

Што се случува кај нас? Протестите за „Монструм“ не смее и не може да се гледаат изолирано од една поширока општествена конотација, а причините за ваквите настани се далеку подлабоки од оние кои некои се обидуваат да и ги сервираат на јавноста како строго етнички, од едноставна причина што не се такви! Тука не се работи за политички случај (туку за случај на кој некој му дал таква конотација), тука не се работи за етнички проблем (некој упорно со години работи на тоа сите проблеми да им даде таков предзнак), тука едноставно се работи за момент кој само ја отсликува ерозијата на нашите институции!

Оти ова не е прв пат.... Не мора да се враќате ниту во блиското минато, погледнете само што се случи пред десетина дена -  јавниот обвинител Марко Зврлевски на пример донесе одлука дека нема да отвори случај за „Македонска банка“, (одлука што со недели претходно е најавувана и очекувана во јавноста која изгледа само во Македонија уште однапред знае каков ќе биде епилогот на даден судски процес!?)... Какви беа коментарите? Кој е угледот на Зврлевски? Каков кредибилитет ужива неговата институција? Кој му верува? Нему, на сите судови и на сите судии и јавни обвинители? Тука некаде треба и мора да заврши дебатата за „Монструм“ кај сите ладни глави...

Затоа што НЕ Албанците, во оваа држава никој не верува во суд! Па и родителите на починатите деца велат дека ова не е соодветна пресуда, оти се заштитени нарачателите на делото, за кои тие на пример, тврдат дека се битни функционери од албанскиот политички блок... И сега прашањето треба да биде  - зошто!? Кој работел со години на девалвација на македонската правда!? Кој дозволил во сите извештаи на Стејт Департментот и на Европската Унија да се зборува за политички затвореници и селективна примена на законите?

Јавноста бара сигурност! Одговорни лидери кои нема да се кријат зад „месото и коските“ на своите граѓани и да чекаат да зграбат некој политички поен во вакви моменти... Претседател кој што ќе обедини, таткото на нацијата е првоповикан при вакви пожари... Но, за тоа треба да има кредибилитет, а неговата институција не ужива ништо поголема доверба од судството! Премиер кој нема да дава изјави дека во државата „има групи кои работат на туѓи интереси“...А во која држава нема? И кои се тие групи? Кој дозволува тие да оперираат... Извршната власт сигурно нема улога само во констатирање! И секако не е во ред истите групи кои меѓу редови ги обвинувате за пропагирање на туѓи интереси, да бидат соодветни коалициски партнери кога е во прашање политичкиот интерес...

И конечно, врвната небулоза во целата приказна – позицијата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Партијата е на власт речиси непрекинато од 2001-та... Партијата има свои луѓе низ целиот систем (вклучувајќи на челната позиција на Министерството за правда)! Партијата замислете бара случајот да бил вратен во првостепена постапка... Каде во свет партија (па уште владејачка)...или политичар (или амбасадор) може да бара од Суд да стори или не стори нешто!? Каде била таа партија кога се носеле судски реформи, кога се креирал „модерен и демократски“ судски систем? Дополнително, законот САМ налага и дозволува процесот тој да биде вратен... Законот, а не Ахмети може да го овозможи тоа!

Но, очигледно во оваа држава и законот и судот и сите институции со ред со години се силувани од политиката... Партизацијата, етничките поделби, наелектризираноста на народот, палењето на етничкиот оган... Сето ова си има(ше) своја цена, која денеска ја плаќаме сите ние, со чувството дека државата ниту штити, ниту превенира, а во последно време за волја на вистината ниту со санацијата не стои најдобро... 


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • срам
    Објавено на 11.07.2014, од Виктор

    Несакам да ја бранам власта, но сакам да ве критикувам вас. Ова се што го напишавте не ве прави ни малку подобар новинар. Исто како што вие спомнавте во колумната дека власта собира поени, така и вие собирате поени кај некој политички субјекти и се продавате за ситни пари. Проблемот е етнички и тоа е повеќе од јасно. Единствено албанците се тие кои протсетираат за се и сешто, само за да се доведе до дестабилизација на Македонија. Доста со тие приказни дека судството не чинело дека немало правда. Никогаш правдата нема да биде задоволена, затоа што секогаш ќе има две спротиставени страни, но тоа вас како новинар не ви дава за право да плукате по институција на државата и да бранете нечиј интереси, во кои и вие не верувате. Знам како е фамилијата треба дома да си ја нахраните, но на ваков начин тоа е краткорочно и опасно затоа што можеби утре вие или некој ваш близок ќе го изгуби живото токму поради овие тензии кои вие новинарите заедно со група политичари ги стварате. Соучесници сте на т

  • Budna Katerina so buden narod i zaspana vlada
    Објавено на 11.07.2014, од Nikoja Nikotinovska

    со чувството дека државата ниту штити, ниту превенира, а во последно време за волја на вистината ниту со санацијата не стои најдобро...

  • defokusa od vistinski problem
    Објавено на 11.07.2014, од imuratagic@jahoo.com

    Bravo i porano sum cital vasi komentari i sekogas se na mesto i ok.Dali nekoj poznava graganin vo MKD koj dobil sudski spor so Telekom,evn,Vodovod,Toplifikacija toa e tolkava bruka i tortura da ti se smaci a presudata sekogas ista ; se zadolzuva graganinot da plati i potoa surii notari izvrsiteli.Vo MKD sudovi momentalno cekaat 5oo.000 vakvi predmeti koj ke go oderat makedonecot.

  • Vo potpolnost se slozuvam so Vas.
    Објавено на 11.07.2014, од A.R.

    Vo potpolnost se slozuvam so Vas.



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000