Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 11 јули 2014, 11:40, во Коментари
Share |
Print page

Без профитабилни компании берзата е само форма без суштина

Без профитабилни компании берзата е само форма без суштина

Заедничката електронска платформа за тргување на Скопската, Загрепската и Софиската берза можеби ќе ги доближи македонските компании поблиску до очите на инвеститорите во овие земји, но да бидеме на чисто, се додека акционерските друштва не ги зголемат добивките, странските инвеститори нема да загризат.

Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk

Поврзувањето на берзите во регионот како идеја се заговара со години со образложение дека странските инвеститори ќе покажат особен интерес за вложување во акциите на домашните компании, но странците технички и досега можеа да купуваат македонски акции, а сепак со години ги нема на берзата! Заедничката електронска платформа за тргување на Скопската, Загрепската и Софиската берза можеби ќе ги доближи македонските компании поблиску до очите на инвеститорите во овие земји, но да бидеме на чисто, се додека акционерските друштва не ги зголемат добивките и перспективите за раст во следниот период, и покрај тоа што нивните акции се нудат по рекордно ниски цени, странските инвеститори нема да загризат. Пречката зошто тие веќе не играат на домашниот пазар, не е од техничка природа.

Освен ретки исклучоци меѓу компаниите што котираат на берзата, најголем дел од нив годинава прикажуваат дури и полоши финансиски резултати од лани а растот на економијата всушност произлегува од компании што ги нема на берзата. Ако се знае дека кредитниот рејтинг на земјата е шпекулативен, јасно е дека инвеститорите очекуваат што повисок принос за да бидат вложувањата во акциите на компаниите исплатливи.

А зошто пак некој би сакал да купи акции, кога од година в година се помалку фирми што инаку работат со профит, делат дивиденда?! Која би била мотивацијата за еден инвеститор да стане акционер ако однапред знае дека извесно акционерско друштво нема да сподели дел од добивката? Токму таквото поведение на запоставување на малцинските акционери дури отвори и дебата да се размислува за воведување на задолжителна дивиденда како дополнителен мотив за развој на акционерството.

Локалните бизнисмени се дури и скептични дека инвеститорите од регионот би имале интерес да вложат пари во нивни акции и поради тоа воопшто нема компании што издаваат нови акции како начин да се дојде до капитал. Токму спротивното, се повеќе директори се обидуваат да најдат начин како да ја напуштат берзата и да ги претворат акционерските друштва во друштва со ограничена одговорност.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Ви отсуствува знаење за причината на таквата состојба.
    Објавено на 11.07.2014, од Илија Колев Радовиш

    Александар Јанев, проблемот го само констатирате, а Ви отсуствува знаење за причината. Причината е една, но изразот се јавува во два вида. Првиот е што крајниот резултат од работата- профит или загуба се третира погрешно, дека претставува заслуга на вложените пари, позади кои стојат нивните сопственици, што нее точно, туку точното е дека е заслуга и на вложениот труд, позади кој стојат неговите сопственици. И вториот вид на изразување е, што делот од профитот или загубата што припадне на вложените пари, мора да биде поделен на сопствениците на вложените пари, а после тоа тие ќе одлучат дали ќе ги претворат во акции или не. И само уште ова, тоа што трудот не го добива делот што му следува е причината за стварање на вишок на понуда, поради кое се кочи работата и појавува криза, војни, сиромаштија, невработеност и др. проблеми.



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000