Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 04 јули 2014, 10:32, во Коментари
Share |
Print page

НЕ за уставно ограничување на развојот!

НЕ за уставно ограничување на развојот!

За Македонија како нерзавиена земја сега е најважно парите за кои што се задолжува да се трошат за изградба на патиштата, железниците, електроцентрали...,а не за изградба на споменици, фонтани, рингишпили. За тоа ни ограничувачките одредби во Уставот не можат да помогнат ако политичарите на власт имаат сосема друга цел заради која што се задолжуваат. 


Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk

Владата сака да покаже во јавноста дека од 2017 година ќе почне да троши подисциплинирано така што со Устав ќе забрани државата да не може да се задолжи повеќе од 3% од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, но со ваквата одлука самата си става лисици на рацете. Зошто?! Ограничувањето на буџетскиот дефицит на ова ниво е значително ограничување на можностите на една држава во развој преку фискалната политика да поттикнува економски раст и отворање на нови работни места. Како на пример ќе се финансира изградбата на крупните инфраструктурни проекти, како нови автопати, железнички пруги или хидроцентрали, ако максималниот износ на задолжувањето не ќе може да надмине 3% од БДП, што од денешна перспектива е еднакво на околу 240 милиони евра?! 

Друга алтернатива секако е власта да ги скрати тековните трошоци од државната каса како на пример платите на администрацијата, пензиите и социјалната помош а заштедите да ги намени за капитални инвестиции, меѓутоа, ова е речиси неверојатно сценарио имајќи ги предвид ветувањата на оваа власт да ги зголемува токму овие ставки.

Освен буџетскиот дефицит, Уставот ќе го одреди и плафонот на јавниот долг на земјата до 60% од БДП, така како што наложуваат и Мастришките критериуми. Меѓутоа, дискусијата за висината на долгот и буџетскиот дефицит всушност е бегање од суштината, а тоа е каков ефект дале парите од кредитите за економијата, за што се потрошиле, колку се подобрил стандардот на граѓаните?! Кога позајмените пари би се трошеле исклучиво продуктивно, тогаш и не би постоела загриженост околу тоа дали јавниот долг е 50% или 60% од БДП, бидејќи вложувањето во изградба на инфраструктурата на земјата на долг рок го зголемува доходот во економијата и со тоа способноста на државата да го отплаќа долгот. Оттука, можеби поважно за нас е уставните одредби да гарантираат дека парите за кои што се задолжува државата ќе се трошат за да ги изградиме патиштата и железниците низ државата, отколку да ограничуваат колкава ќе биде моќта на фискалната политика во развојот на економијата. 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000