Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 04 јули 2014, 10:07, во Коментари
Share |
Print page

Во Уставот да се стави и економски раст од 6%!

Билјана Здравковска Стојчевска
Во Уставот да се стави и економски раст од 6%!

Во духот на дебатата за уставните измени, Капитал предлага една дополнителна уставна измена. Со која и овие двете уставни измени за фискална дисциплина ќе добијат многу поголема смисла. Во Уставот да се стави одредба која ќе предвидува Македонија секоја година во следните десет години да остварува економски раст од минимум 6%. Ако не се оствари тоа, да следува политичка одговорност за власта која ги осмислува и реализира економските политики. Бидејќи без економски раст ограничувањата за буџетски дефицити и задолжување се сосема бесмислени и беспредметни.


Изминативе десетина дена целата јавност се фати со анализи на уставните измени. За дефиницијата за брачната заедница, за задолжувањето, за финансиските зони...Сите си најдоа по некоја интересна тема да анализираат. Но, во недостиг на повеќе информации, некои аналитичари упорно и упорно ја бараат суштината и скриената цел која власта сака да ја постигне со овие предлози за уставни измени. А суштина нема. Посебно не во оние нафрлени сувопарни реченици со кој се образложуваат измените на Уставот. Нема ни потреба од такви измени. Еве на пример каква е потребата да се ограничува буџетскиот дефицит на 3% и задолжувањето на државата до 60% од Бруто домашниот производ (БДП). Македонија немала и се уште нема проблем со задолжувањето. Та нели се фалиме секој ден дека сме најниско задолжена земја. Македонија има проблем со тоа како се трошат парите со кои се задолжува државата. А од овој проблем произлегува еден многу посериозен проблем. Нискиот економски раст. Во  изминатите дваесет години македонската економија остварувала просечен економски раст помал од 2%. Во 2012 година имавме пад на економијата од 0,4%.

Во духот на дебатата за уставните измени, Капитал предлага една дополнителна уставна измена. Со која и овие двете уставни измени за фискална дисциплина ќе добијат многу поголема смисла. Во Уставот да се стави одредба која ќе предвидува Македонија секоја година во следните десет години да остварува економски раст од минимум 6%. Ако не се оствари тоа, да следува политичка одговорност за власта која ги осмислува и реализира економските политики.
Бидејќи без економски раст ограничувањата за буџетски дефицити и задолжување се сосема бесмислени и беспредметни. Кога Македонија би имала поголем бруто домашен производ, односно би имала компании кои произведуваат повеќе производи и услуги, тогаш и тие 3% буџетски дефицит и задолжувањето од 60% од БДП би имале логика. Процентите се многу едноставни. А вака во услови кога Македонија има слаба економија и компании чие производство секоја година се намалува и ситуација во која учеството на индустријата во создавањето на БДП секоја година  се намалува, и долг од 45% може да биде проблематичен за државата. Бидејќи држава која има ниска економска активност и мали приходи, може лесно да се доведе во ситуација да не може редовно да го сервисира долгот. Без разлика што не е презадолжена. Како што може да биде проблематичен и буџетски дефицит од 1%, ако тој се прави за исплата на поголема плата на администрација или зголемување на социјална помош, односно за јавни расходи кои не носат никакви приходи во економијата.

Кога во Уставот би се ставила одредба македонската економија секоја година да расте со стапки над 6%, тогаш сигурно и економските политики и мерки кои би ги носеле политичарите на власт би биле сосема поинакви.
Во такви услови сигурно би била поголема и фискалната одговорност. Односно приоритет ќе имаат оние расходи за кои однапред добро ќе се процени дека ќе придонесат кон поголем економски раст. Тогаш веројатно властите би биле принудени да донесат некои мерки кои нема да бидат толку популарни, а кои изминативе две децении не се превземаа бидејќи политичарите беа свесни дека тоа ќе им го намали рејтингот, во услови кога немаа ама баш никаква одговорност заради тоа што македонската економија не расте. Тогаш веројатно компаниите и приватниот сектор би го добиле значењето и просторот кое треба да го имаат. Веројатно улогата на државата како мајка дадилка драстично би ослабела, а просторот за бизнисмените претприемачи би бил поголем.

Вака имаме ситуација во која секоја власт на избори и во политичките програми предлага поголем економски раст и во таа функција преку буџетот прибира и троши огромни  пари, а нема никаква политичка одговорност што економијата не расте и не отвора нови работни места.
Време е и политичките лидери и елити да превземат и конкретна, а не само декларативна  одговорност за иднината на Македонија. Време е и тие, а не само граѓаните и фирмите, да ја платат реалната цена заради тоа што Македонија над две децении се држи во економски стенд бај. И ниту една политичка гарнитура не превземала конкретна политичка одговорност за нискиот раст на економијата и покрај тоа што во нивните предизборни програми тоа го ветувале. А буџетот секоја година е се поголем и поголем. Што само покажува дека бесплатното возење со автобуси и возови, бесплатното одење на театар и кино, одењето на бањи и одмори сепак не е бесплатно. Затоа после во време на криза, кога фирмите имаат се помалку работа, главна економска мерка ќе биде смислување на формула со која помалите фирми ќе плаќаат помали казни, а поголемите фирми ќе плаќаат поголеми казни. Односно, изнаоѓање разни начини и форми со кои оние кои и досега најмногу го полнеле буџетот да плаќаат повеќе. Бидејќи сметката за “бесплaтниот” ручек сепак на крајот мора некој да ја плати.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • limitiranje na site vidovi subvencii
    Објавено на 07.07.2014, од tihomir

    Da se limitiraat i site vidovi na subvencii od budzetot , bidejki i tie se najblago receno varijabli so mnogu nepoznati . Ama ako ...



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000