Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 27 јуни 2014, 13:06, во Коментари
Share |
Print page

До кога ќе има „тепачки“ за во администрација?

До кога ќе има „тепачки“ за во администрација?

Свесна ли е владата дека со мега огласите за вработување во админстрација создава мрзлива младина, која со оглед на зачестеноста на истите, свесно одлучува да почека нов државен оглас, отколку да се вработи во приватна компанија. Ако иднината останува на младите, каква ќе биде таа држава во која сите сакат во администрација?!
 
Габриела Делова
 
Уште еден мега директорски оглас објавен од Владата поминува со рекорден број пријави пристигнати на Илинденска бр. 2. Повторно преку илјада кандидати аплицирале да и служат на државата, со цел да дојдат до бенефициите кои им ги нуди местото познато како “клати врата -земаj плата“.

Но, постои ли свест, кога веќе не постои одговорност, како ваквиот пореметен систем, на долг рок ќе се одрази врз опшеството? Се има ли предвид дека веќе години по ред приватниот сектор, кој е најголемиот креатор на БДП-то во државата, од каде патем се хранат устите на административците, не само што тешко наоѓа стручен кадар за работа, туку се потешко наоѓа работници кои воопшто сакаат да работат?! Постојат ли некаде пресметки колку лица треба да се вработат во приватнот сектор за да се задоволоат устите кои цицаат од буџетот? Постои ли идеја кон што води овој расипан систем во кој, како во ниту една друга држава, дури и амбасадори се бараат на јавен оглас, место меѓу редовите на оние кои со години се едуцираат и обучуваат за дипломати?!

Веројатно не. Заслепени од популизмот, испорачувањето какви такви резулати на краток рок, е единствената замисла на македонските политичари. Притоа воопшто не им е грижа што младите ги претворија во безидејни и конформистички трагичи по сточле во администрација, кои како зомби „трчаат“ од оглас на оглас, без разлика дали одговараат на истиот или не, се со цел да дојдат до единственото сигурно работно место во државата- она во администрацијата.

А ако иднинта останува на младите, тогаш каква ќе биде таа држава во која сите сакат во администрација?!  Како ќе се развива економијата ако исчезнат претприемачите кои сакаат да се охрабрат и да направат нешто свое, нешто големо? 

Политичките чинители во оваа држава веќе одамна покажаа дека немаат визија ниту, пак, лидерство да создадат пример, вредности, култура, нешто што ќе го споделат и развиваат со цело општество. Но, кога веќе не можат да го поттикнуваат прептриемништвото и да го помагаат развојот на приватниот сектор, најмалку што можат да направат е да престанат да го гледаат приватниот сектор како конкуренција, и да ја ставаат државата пред се, па дури и онаму каде не и е местото. Оти, се додека државата е пред се и над се, „тепачката“ за административно сточле ќе биде голема. А во моментот кога приватниот сектор ќе крахира, тешко е да се замислат последиците со кои ќе се соочат сите оние кои работата во државна администрација ја гледаа како најсигурна. Синонимот сам се наметнува. 


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • А, приватниот сектор кај нас е за пример
    Објавено на 16.07.2014, од Зоки

    А, во приватниот сектор едно работливи луѓе, квалитет до квалитет, со купени (со на тато парите) дипломи од приватни факултети и спонзоруши на кило....

  • Crveni kamion sive boje
    Објавено на 01.07.2014, од Boza

    Брее везе да се немало.Кога не знаеш што да напишеш конструктивно,тогаш најлесно е да се плука.

  • еко
    Објавено на 30.06.2014, од еко

    Живеам во близина на Агенцијата за државни службеници. Секој месец (обично за викенд) се врши тестирање на рамковни кадри за измислени работни места во јавната администрација. Во Понеделникот после тестирањето, најдобро се забележува каков профил на луѓе продефилирале. Количеството на генериран отпад (и покрај сите контејнери и корпи за отпадоци) е десеткратно зголемен.

  • Одличен текст
    Објавено на 27.06.2014, од Петар

    Одличен текст, само уште да има некој од владата да го прочита.
    Дупката без дно наречена јавна администрација еден ден ќе колабира од сопствената тежина и пренатрупаност. А тој ден не е толку далеку колку што мислат административците.



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000