Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 27 јуни 2014, 12:54, во Коментари
Share |
Print page

Како се уништува бизнис со погрешна политичка одлука

Како се уништува бизнис со погрешна политичка одлука

Судбината која ги снаоѓа повеќето увозници на нови возила во земјава во изминативе неколку години е класичен пример како со една политичка одлука може да се урниса еден цел бизнис

Дејан Азески
dejan.azeski@kapital.mk

Маккар е само првиот од низата импортери на нови возила кои нема да ја преживеат повеќе годишната криза која првично почна со носењето на контроверзниот закон за увоз на стари возила, а се продлабочи со намалувањето на куповната моќ на македонските граѓани. Ова е проценка на повеќето кои се во бизнисот со увоз на нови автомобили. Најголемиот број од импортерите на автомобили се наоѓаат во очајна состојба.

Само една или две импортерски куќи на нови возила во земјава работат профитабилно, а другите преживуваат трупајќи огромни загуби.

Ова не е изненадувачки и е лесно докажливо ако се погледнат статистиките според кои само во првите пет месеци од оваа година продажбата на нови возила е опадната за 10%, а гледано пет години наназад падот на продажбата изнесува цели 80%. Или ако во 2008 година во Македонија се продавале над 18 илјади нови возила, сега се продаваат само 3.000 нови автомобили.

Самите импортери неофицијално коментираат дека единствена причина поради која опстојуваат салоните за нови возила во Македонија се милионите евра вложени во нивната изградба кои со евентуално нивно затварање буквално би се фрлиле во ѓубре. Најинтересно или најтрагикомично во целата оваа катаклизма е што енормниот увоз на стари возила ги уништи и дилерите кои продаваат половни автомобили. И тие признаваат дека хипер увозот створи уште поголем вишок на пазарот кој ги урниса цените и ја закочи целата трговија. За еколошките, безбедносните и естетските последици од целата ваква ситуација не треба ниту да зборуваме. Тие се многу убаво познати и уште појасно видливи. Од сето погоре напишано заклучокот се наметнува сам по себе. Дури и во држави со капиталистичко уредување, државата и тоа како може да влијае на развојот или пропаста на еден или повеќе сектори од бизнисот. Следствено на тоа треба да се однесува многу поодговорно и попретпазливо да ги обмислува политичките или популистички одлуки кои на другата страна врз реалниот сектор може да влијаат погубно.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • za kakov biznis zboruvas
    Објавено на 01.07.2014, од zoran

    i toj biznis sto vie go kazuvate, deka e namalen UVOZOT NA NOVI VOZILA e sveden na uvoz na stranski vozila koi sto se samo so ponovo ili pak novo godiste. taka da nisto ne vidov zastiteno ili unisteno od noviot zakon. sve se sveduva na UVOZ. pozdrav



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000