Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 27 јуни 2014, 12:51, во Коментари
Share |
Print page

Да и се врати индустријата на Македонија!

Да и се врати индустријата на Македонија!

Не постои друга формула за побрз и поголем економски раст освен враќање на индустријата во живот. Македонската индустрија во моментот е вид во изумирање. Фактот дека само 15% од бруто-домашниот производ го создава индустријата е повеќе од поразителен. Значи мора под итно да се покрене процес на реиндустријализација, а тоа значи отворање квалитетни работни места.

Спасијка Ефтимоска
spasijka.eftimoska@kapital.mk

Да и се врати индустријата на Македонија! Се лажеме ако веруваме дека Македонија ќе обезбеди стапки на раст од 6%-8% без нови фабрики. Странските инвестиции во зоните одлично, но времено и делумно решение. Потребни се домашни инвестиции и целосна поддршка за нив. Колку побрзо го сфатиме тоа, толку подобро.

Не постои друга формула за побрз и поголем економски раст освен враќање на индустријата во живот. Македонската индустрија во моментот е вид во изумирање. Фактот дека само 15% од бруто-домашниот производ го создава индустријата е повеќе од поразителен. Во своите добри времиња преработувачката индустрија учествуваше со над 50% во БДП, со близу 100% во извозот, со 40% во вкупната вработеност. Значи мора под итно да се покрене процес на реиндустријализација.

Реиндустријализацијата значи отворање квалитетни работни места. Не може сите во оваа држава да се вработуваат во јавниот сектор, каков што е сега трендот, бидејќи нема кој тоа да го финансира. Владата не смее да гаи такви очекувања и со јавни конкурси да мами илјадници високообразовани кадри во јавната администрација. Владата е должна да стимулира клима за отворање и за поддршка на приватни бизниси. Има обврска и да ги преструктуира јавните претпријатија и да обезбеди нивно функционирање на принципите кои важат во приватниот сектор. Има обврска да ја докапитализира Македонската банка за поддршка на развојот и да ја стави во функција на стопанството. По секоја цена мора да поттикнува и развива претприемништво, старт ап бизниси, иновации, истражување и развој.

Ако не се отвори процес на реиндустријализација, тогаш ќе станеме зависни од странски кредити. Ако не се врати индустријата, младото и високообразовано население ќе се исели од Македонија. Реиндустријализацијата треба да ја запре депопулацијата во земјава, која е логична последица на деиндустријализацијата.

Не може да се живее само од трговија и услуги со елементарно ниво на софистицираност затоа што тоа е само претурање од лев во десен џеб. Не значи дека може или треба по секоја цена да се покренат фирмите мастадонти од времето на социјализмот, но апсолутно е потребно да се развиваат нови индустрии во кои Македонија има конкурентна предност – агробизнис, металургија, ИТ индустрија...

Не треба да се биде голем струќњак за да се сфати дека помина времето на пумпање на БДП со финансиски трансакции, продажба на недвижности и со трговски центри и супермаркети. Потребна е здрава индустрија која може да извезува. Реиндустријализацијата е и предуслов за политичка стабилизација на државата.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • A sto da se kaze sega.....
    Објавено на 02.07.2014, од Mladen

    Nie si ja propustivme sansata po osamostojuvanjeto da gi zadrzime, obnovime i stavime na prvo mesto svoite golemi industriski kapaciteti koi togas gi imavme, a lesno i nebrezno gi upropastivme, odnosno si ja upropastivme sansata da postoeckata industriska baza ja postavime kako osnova na svojata ekonomija. Imeno, togas kako stopanstvenik ostro se sprotistavuvav na togasnite strukturi (vklucuvajki go i ministerot za ekonomija Gruevski) na togasnata nova strategija na mali i sredni pretprijatija, prenebregnuvajki gi golemite industriski kapaciteti koi gi imavme.Moeto obrazlozenie bese deka malite i sredni pretprijatija se voglavno servis na golemite pretprijatija i deka nie ne sme vo rangot na afrikanskite zemji tuku deka imame solidna baza nasledena od Jugoslavija.Malite i srednite pretprijatija ne mozat da bidat nositel na seriozen ekonomski razvoj, tuku mozat da bidat samo dopolnenie i pratecka industija na glemite kapaciteti. Fakticki naivno prifativme ekonomska strategija na Zapadot

  • Хм
    Објавено на 01.07.2014, од Александар

    Па добро. Да се врати индустријата. Тоа го знаеме сите.
    Дај сега дами и господа од Капитал напишајте како да се направи тоа. Многу тешка демагогија е да се напише статија за тоа што треба да се направи без да се знае како.
    Македонија никогаш намала конкурентна индустрија која што реално би функционирала во денешната глобална пазарна економија.
    Дај веќе еднаш разбудете се од сонот СФРЈ. Разберете дека ниту граничиме со Австрија и Италија како што е случајот со Словенија ниту пак имаме море како Хрватска.
    Се додека граѓаните на МК не ја разберат разликата меѓу одење на работа и работење единствено решение остануваат странските инвестиции.

  • Рекет
    Објавено на 28.06.2014, од Горан И

    Одлична статија, уште авторот да се осврнеше на лихварската политика на банките, самоволието на јавните претпријатија, нотарите и извршителите, поткрепени со закон, ќе беше супер. Наместо козметички мерки потребно е радикалн решение за еден куп пропаднати фирми што не работат, а генерираат долгови од фирмарини и казни, донесете закон за банкрот и намалете ги трошоците за затварање на фирмите, без да им ја пиете крвта и да ги задолжувате со 1000-ници евра за стечајни управници.



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000