Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 20 јуни 2014, 11:10, во Коментари
Share |
Print page

Бара ли воопшто Македонија нови извозни пазари?

Бара ли воопшто Македонија нови извозни пазари?

Извозот на балканските пазари ни паѓа. Кина ни е далеку. Имаат ли воопшто македонските компании план каде ќе ги пласираат своите производи? 

Верица Јорданова

verica.jordanva@kapital.mk

Македонските извозно ориентирани компании отсуствуваа од минатонеделниот голем саем на стоки за широка потрошувачка во Кина. Во друштво на околу 200 компании од Централна и Источна Европа имаше само две македонски компании! Зошто? Немаат ли што да понудат, немаат ли визија дека овој настан е шанса да се склучи извозна зделка за Кина или за некоја од другите 16 присутни земји од поширокото опкружување или едноставно не знаеле дека вакво нешто се случува?! Која и да е причината, најголем дел од македонските производи едноставно ги немаше таму. Е сега некој ќе рече- што ќе бараме ние во една Кина кога и целата храна да ја извеземе нема да може да нахраниме еден кинески град?!  Тоа е вистина, но вистина е дека ни хрватските, ни словенечките компании присутни на овој настан не можат да ги задоволат големите кинески потреби, но тоа не беше изговор тие да не се појават. Напротив. Можностите кои ги отвора Кина за 16 земји од централна и источна Европа се огромни. Кинескиот министер за трговија несебично им понуди помош на производителите на храна од овие земји во делот на промоција на нивните брендови, а кинеските инвеститори ги упати да инвестираат во овие земји! Дали ова не е доволна причина за македонските менаџери да се бидат на лице место на настанот, каде во контакт со другите компании од регионот ќе ги разгледаат можностите за соработка, заеднички настап, нови бизнис зделки...? До кога македонските компании и нивните менаџери ќе се однесуваат како извозот да ми е загарантиран? Ова нивно однесување е уште поиндикативно и необјасниво ако се земат предвид алармантните податоци дека македонските производи не само што тешко освојуваат нови пазари, туку ги губат и традиционалните, балкански. Само во текот на минатата година македонскиот извоз во Србија, Хрватска, БиХ, Словенија, Косово, Бугарија, Албанија и Грција падна за 8%! Причините за дезориентираноста во извозната политика и слабите извозни резултати не треба да се бараат само кај компаниите. Не смее да се заборави ни важната улога на институциите, од ресорните министерства, преку стопанските комори, до царинската управа и инспекторатите кои не смеат да бидат само статистичари на извозот. Извозот на македонски производи мора да биде врвен приоритет. А тоа не се прави седејќи дома!


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000