Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 20 јуни 2014, 11:02, во Коментари
Share |
Print page

Сметките од задолжувањата стигнуваат за плаќање

Сметките од задолжувањата стигнуваат за плаќање

Ни следува ново големо задолжување со кое државата треба да обезбеди 733 милиони евра за да може догодина да се раздолжи и да го финансира буџетскиот дефицит, меѓутоа нема гаранција дека инвеститорите ќе и позајмат на Македонија толку пари, бидејќи станува збор за земја без инвестициски, туку шпекулативен кредитен рејтинг.

Александар Јанев
aleksandar.janev@kapital.mk

Позната е владината стратегија да се задолжува со кредити за да може да ги зголемува и платите, и пензиите, и субвенциите, но и да ги врати старите долгови. Ни следува ново големо задолжување со кое државата треба да обезбеди 733 милиони евра за следната година за да се раздолжи и да го финансира буџетскиот дефицит, меѓутоа оваа операција не е целосно сигурна. Владата веќе потврди дека се подготвува да издаде еврообврзница, но иако не кажа колку пари ќе се позајмуваат, пресметките од Фискалната стратегија покажуваат дека ќе ни требаат 442,7 милиони евра за отплата на долговите што доспеваат следната година и уште 290,3 милиони евра за покривање на буџетскиот дефицит. Повеќе пари ќе бараме од странски кредитори, помалку од домашни.

Точно е дека каматите за задолжување на меѓународниот пазар паднаа на најниско ниво во последните неколку години што ги одбележа финансиска криза, меѓутоа, нема гаранција дека инвеститорите ќе сакаат да и позајмат на Македонија толку пари колку што и требаат, бидејќи станува збор за земја што нема инвестициски кредитен рејтинг, туку шпекулативен. Друга работа што ги воздржува инвеститорите да вложат во македонски државни обврзници е што нема да можат лесно да се ослободат од нив во случај да им затреба кеш, оти не се доволно атрактивни и нема да има кој да ги купи.

Кои други алтернативи ги има власта во случај задолжувањето да не успее?! На пример, може да приватизира дел од преостанатите државни компании и на тој начин да ја наполни државната каса. Или пак, може да ги зголеми даноците и со парите што ќе ги инкасира ем да ги подмири сметките со странските кредитори, ем да ги исполни сите ветувања наведени во новата владина програма. На тој начин, цената на ова финансиско поведение ќе ја платат токму граѓаните што ја одобрија оваа економска програма, а не некои идни генерации кога кредитите или еврообврзницата ќе доспеат за враќање.

Но, ова е сценарио „невозможна мисија“ бидејќи зголемувањето на даноците би го разнишило политичкиот „углед“ на владејачките партии. Освен тоа, без да посегне по даноците, ами со задолжувања, државата ги зголемува платите на администрацијата, пензиите, социјалната помош за најзагрозените, субвенциите за земјоделците и така се обидува да го одржува животниот стандард на граѓаните доволно „добар“ за да ги задржи да не излезат на улица. И засега можеби и успева на власта да ги задржи граѓаните да не излезат на улица, но тешко и оди да ги задржи да излезат од државата.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • Неодржлива политика
    Објавено на 01.07.2014, од Eкономист

    Нашите јавни финансии се веќе неодржливи и не треба да се експерт за тоа да го сфатиш. Се "зголемуваат" пензии, се градат театри и музеи од 40 милиони евра се зголемува веќе енормниот јавен сектор со цел да се обезбеди трајно гласачко тело. А со кои приходи се прави тоа кога сме даночен рај никој не знае. Ќе ги обезбедиме овие 700 милиони тоа не е спорно, но под кои услови е тоа е веќе друга причина. Во Италија и Шпанија кога приносот на 10 год. обврзници стасаа 7% се крена општа паника, а ние комотно и 9-10% прифаќаме. Ќе ставиме во Устав ограничувања за кога ќе дојдам други на власт со веќе напумпани лимити да бидат одговорни за неуспехот на државата кога ќе нема веќе каде. Залудни се сите лимити кога кој како сака манипулира со секој податок во државава.

  • Masovno iseluvanje !!
    Објавено на 23.06.2014, од Kiki

    Go procitav tekstot, dobro objasneto. Mene nesto drugo me maci: jas sum provincijalec sto bi rekle skopjani, rabotam vo Sk, postojano si doagjam doma vo moeto malo rodno mesto. Najtaznoto nesto od koe me fakja panika e masovnoto iseluvanje na mladite. Izleguvase na kafe 4 dena po red i vo kaficite i barovite gledam samo luge nad 40 god, koi si dosle od stranstvo na mal odmor. Lugeee gi nema mladite site se iseleni negse u stranstvo, ne go prepoznavam gradov, nema vekje so koj kafe da se napieme. Samo penzioneri i malku srednoskolci koi site do eden odat da go prodolzat skoluvanjeto vo dosedna bg. Ova e zalno, site sto gi znam podnesuvaat za bg pasos. Eve vcera dvajca drugari zaminaa Anglija. Ova e slika za site gradovi vo mk. Nie vekje sme drzava na stari luge, neka ne ne laze grujo so bednive investicii. Ne ponizuva kako narod. Ni nosi investicii koi gi plakat nasite rabotinici edvaj 8000 den. Sramora e ova. I posle ni donel investicii. Ne ponizuvA da rabotime za bedni pari. Aloooo ml

  • prazni avtopati - istok i zapad - duplo golo
    Објавено на 20.06.2014, од tihomir

    Izvonredno objasneto , razbirlivo , no za auditorium sto ne saka da razbere ... Bi Ve nadopolnil so skapite prazni avtopati sto ke se gradat dogodina verojatno .



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000