Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 20 јуни 2014, 10:58, во Коментари
Share |
Print page

Ни требаат повеќе функционални, а не празни верски објекти

Ни требаат повеќе функционални, а не празни верски објекти

Џабе ни се и два милиони цркви и џамии ако во нив нема редовни миси и молитви и расположени свештеници кои ќе имаат време да му служат на народот.  Тоа може да се постигне само со попланско и понаменско трошење на парите кои на овој или на оној начин се одлеваат во религијата.

Дејан Азески
Dejan.azeski@kapital.mk

После полувековна делумна стагнација на изградбата на верски објекти во Македонија во моментов се одвива целосна експанзија на изградбата на цркви, џамии, синагоги и секаков друг тип на објекти кои се користат за религиски и обредни цели. Овој тренд секако е започнат со менувањето на општествено политичкиот систем во 1990 кога неплански и стихијно почнаа да се градат ваков тип на објекти во куќни дворови, покрај прометни патишта па дури и на непристапни планински изолирани предели. Најинтересно е што многу од тие објекти се изградени врз база на сон или некакво друго празноверие. Како и да е убаво е што преку тој плански или неплански процес народот се врати кон малку подзаборавената религија,  но неубаво и непрактично е што таквото непланско и стихијно градење на религиски објекти продолжува и ден денес со уште позасилено темпо. Секој кој барем малку ја познава проблематиката ќе ви каже дека функцијата на црквата, џамијата синагогата, е да го собира народот и преку организирани миси, литургии или молитви да му ги пренесе најдобрите страни од секоја религија.

Исто така во основната улога на овие објекти е во нив постојано да има свештеник кој ќе ги опслужува потребите на населението од најблиските населби и ќе ја шири хуманата страна на религијата помеѓу населението. Кај нас за жал забележливо е дека најголем дел од религиските објекти ја немаат таа улога. Не зошто нема потреба или желба за тоа,  туку зошто нема услови и средства. Иако не е пракса да се сметаат парите вложени во стотиците религиски објекти изградени во последниве дваесет години,  веројатно не е грев да се каже дека ако тие пари се вложеа малку понаменски и повторно во религијата народот ќе ни беше во многу поинтензивна интеракција со религијата,  што природно ќе се одразеше и на неговиот душевен мир и културна надградба. Ако се вложеа повеќе во онаа изворна и хумана улога на религијата да го помага и смирува народот,  ќе имавме популарна и сакана религија како во нејзиниот зенит пред повеќе стотици години.  На таков начин наместо празни религиски објекти на условно речено чудни места,  ќе имавме повеќе свештени лица кои редовно и соодветно ќе можеа да си ја извршуваат својата работа, ќе имавме повеќе манастири со жив монашки живот, повеќе задоволни верници и најважно од се, посреќен и похуман народ. Едно е добро што никогаш не е доцна да се освестиме и да почнеме да работиме плански, наменски и најважно од се,  правилно.


КОМЕНТАРИ

Коментирај
  • пред своето време
    Објавено на 26.06.2014, од пред своето време

    Во Шуто Оризари е веќе направен првиот чекор: повеќенаменски верски објект - џамија со минимаркет во приземјето.



РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000