Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 07 јули 2014, 16:03, во Европа
Share |
Print page

Како до ЕУ проекти

Како до ЕУ проекти

Капитал ви дава основни насоки и информации доколку сте заинтересирани да аплицирате за ЕУ проекти.

Еден од основните извори за информации за ЕУ проекти е Europe Aid.

За програмите на ЕУ може да аплицираат компании, државни институции, невладини организации, културни здруженија и др.

Посетете ја web-страната на Европската Комисија за надворешна соработка, односно Europe Aid. Или кликнете на директниот линк:
https://webgate.ec.europa.eu/europeaid/online-services/index.cfm?ADSSChck=1284977262222&do=publi.welcome&userlanguage=en

За да видете кои програми се достапни за Македонија, кликнете на Advanced Search и во geographical zone најдете ја државата. Напомена-Република Македонија стои под името the former Yugoslav Republic of Macedonia.

Со зелено- open се означени тековните програми на кои можете да аплицирате.

Откако ќе изберете проект кој сметате дека е интересен, и кој е од вашата област, основните информации за типот на проектот, кој може да аплицира- eligibility, дали треба да се аплицира со партнер и кој може да биде партнер, износот на грантот, рокови и финансирање, може да се најдат во Guidelines. (Некогаш стои како Contract Notice, зависно од типот на проектот за кои се аплицира).

За планирање на проектот, дизајн, имплементација е евалуација, се користи Логичката рамка, или Log frame, која најчесто се наоѓа во некој од документите кои се однесуваат на проектот.

С.Ј.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија