Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 13 јуни 2014, 10:31, во Европа
Share |
Print page

Чешка планира да премине од круна во евро

Чешка планира да премине од круна во евро

Чешка планира да го воведе еврото како официјална валута во земјата и тоа најдоцна до 2017 година, изјави претседателот Милош Земан.

“Не е доволно само да го имаме еврото во програма, потребно е нешто да се работи, а тоа значи да се направи план за воведување на еврото, да се утврди термин за прифаќање на еврото и да се избере стратегија за премин од круната кон евро“, изјави Земан.

Земан додава дека една од главните придобивки за ваквиот потег е тоа што чешката економија е насочена кон извозот. Дури 80% од производството на Чешка е наменето за извоз, а воведувањето на еврото најмногу ќе им помогне на извозниците кои нема постојано да се двоумат околу девизниот курс.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија