Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 09 октомври 2013, 09:46, во Европа
Share |
Print page

МИ-5 обелоденетите податоци за програмите на тајните служби како подарок за терористите

МИ-5 обелоденетите податоци за програмите на тајните служби како подарок за терористите

Објавените документи за програмата за следење на електронската комуникација, претставуваат подарок за терористите, бидејќи со тоа се намалува способноста на безбедносните служби да ги спречат смртоносните напади во западните земји, предупреди генералниот директор на британското контраразузнавање МИ-5, Ендрју Паркер.

Во неговото прво обраќање по назначувањето на оваа функција во април, Паркер предупреди дека неговите агенти треба да ги следат комуникациите на осомничените, со цел да спречат евентуални напади.

Тој иако не го спомна по име поранешниот соработник на американската Агенција за национална безбедност (НСА), Едвард Сноуден, кој на медиумите им откри голем број документи за американската и британската шпионска програма, сепак предупреди на опасноста од откривањето на работата на британската агенција за прислушување - Центарот за владини комуникации.

„Огромна штета е направена со јавното откривање на опфатот и ограничувањата на техниките на службата. Ваквата информација им дава предност на терористите. Тоа е подарок од кој тие имаат корист и можат да ни нанесат удар кога и да посакаат“, истакна синоќа Паркер во својот говор во Кралскиот институт на обединетите служби во Лондон.

Тој ја оцени како „фантазија“ идејата дека разузнавачките служби можеле и би сакале постојано да следат илјадници луѓе.

„Тука не е ниту Источна Германија, ниту Северна Кореја, и му благодарам на Господ што е тоа така“, нагласи директорот на МИ-5.

Тој предупреди и на опасноста од самозадоволство, додавајќи дека заканата од Ал Каеда станала понепредвидлива и комплексна, како во однос на земјата од која потекнува, така и на тактиката.

Според него, Сирија дава сериозен повод за паника, бидејќи постои опасност полабилни британски граѓани да бидат радикализирани од исламистички групи како Ал Нусра и да извршуваат терористички напади по нивната задача во Сирија.

„Се поголем дел од нашата работа моментно е поврзан на некаков начин со Сирија, главно во врска со државјани на Обединетото Кралство, кои патувале до Сирија за да војуваат таму или имаат желба тоа да го направат“, истакна Паркер.

Тој смета дека Ал Нусра и други екстремистички сунитски групи во Сирија, кои се поврзани со Ал Каеда, планираат да нападнат западни земји.

„Не верувам дека терористичката закана сега е полоша од претходно, но секако е попроширена, посложена и понепредвидлива“, оцени директорот на британското контраразузнавање.

Паркет нагласи дека во Велика Британија постојат неколку илјади исламистички екстремисти, кои „во лицето на британскиот народ гледаат легитимна цел“.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија