Остар пад на инфлацијата во еврозоната

Годишната стапка на инфлација во еврозоната остро падна во септември на 1,1 %, по августовскиот пад на 1,3 %, покажуваат прелиминарните податоци на Евростат.
Со новото успорување на инфлацијата најмногу придонесе големиот пад на цената на енергијата, која се намали за 0,9 % по августовскиот пад од 0,3 %, додаде Евростат.
Цените на храната, пијалоците и цигарите во септември забележаа најголем раст од 2,6%, иако понизок во однос на августовскиот раст од 3,2 %, додека цените на услугите пораснаа за 1,5 % во однос на претходните 1,4 %.