Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 26 септември 2013, 13:08, во Европа
Share |
Print page

Лукоил најголема приватна компанија во Русија

Лукоил најголема приватна компанија во Русија

Нафтената компанија Лукоил е прва на листата на „Форбс“ за 200 најголеми приватни компании во Русија. Компанијата во 2012 година остварила вкупен приход од  83 милијарди евра. Веднаш зад Лукоил на листата топ 200 е компанијата Сургутнетфгазу која исто така доаѓа од нафтената индустрија, а третото место го држи телекомуникацискиот оператор Вимпелком.

Лукоил е присутен и на македонскиот пазар од 2005 година, а досега на територијата на државава има отворено 23 бензински пумпи.

Сите 200 најголеми руски компании на листата на „Форбс“ оствариле вкупен приход од 526 милијарди евра. Во листата влегуваат 54 јавни и 144 приватни компании од кои 23 припаѓаат на еден сопственик или семејство.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија