Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 25 септември 2013, 11:09, во Европа
Share |
Print page

Земан: Членовите на стопанските делегации ќе мора да донираат за отплата на националниот долг

Земан: Членовите на стопанските делегации ќе мора да донираат за отплата на националниот долг

Чешкиот претседател Милош Земан од стопанствениците кои ќе го придружуваат на бизнис патувања ќе бара да донираат парични средства за исплата на националниот долг.

Земан на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук, напиша дека жали што чешките бизнисмени не придонесуваат во Фондот, кој тој го основа и каде самиот одделува секој месец по 30 проценти од неговитe приходи.

Но, кога ќе ми доаѓаат различни луѓе и ќе ми речат - јас сакам да ме земете во следната бизнис мисија, тогаш јас ќе ги уценам, бидејќи јавниот долг е на сите нас, додава Земан.

Фондот за донација за отплата на државниот долг, Земан го формираше во јуни и до крајот на функцијата, во март 2018 година, месечно во него ќе вложува по една третина од платата односно 2.400 евра.

Со сопствениот пример, претседателот на Чешка сака да ги мотивира претприемачите и луѓето со големи приходи да учествуваат во намалување на националниот долг.

Засега во Фондот има околу 12.400 евра. Државниот долг на Чешка кон крајот на јуни изнесуваше над 67 милијарди евра, а за време на првиот квартал од годинава е зголемен за 420 милиони евра.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија