Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 23 септември 2013, 08:56, во Европа
Share |
Print page

Триумф за Меркел на изборите во Германија

Триумф за Меркел на изборите во Германија

Германскиот канцелар Ангела Меркел, после парламентарните избори на кои демохристијаните под нејзнино водство освоија речиси апсолутна победа, се наоѓа на врвот на моќта. Таа сама, со помош на својата популарност, успеа да обезбеди триумф за демохристијаните, оценуваат германските коментатори.

Моќта на Меркел во рамки на партијата, но и во Европа и понатаму ќе зајакнува, а нејзините потенцијални наследници, како што се наведува актуелната министерка за труд, Урсула фон дер Лајен, ќе мора и понатаму да чека своја прилика.

Меркел ги доведе своите конзервативци до историска победа на вчерашните избори во Германија, што се оценува како нејзин личен триумф, со што ја зацвртсува својата позиција на највлијателен лидер во Европа.

Меѓутоа, како што оценуваат коментаорите во првите анализиа од избоите, Меркел ќе треба „да пружи рака“ кон некои од незјините левоцентристички соперници за да состави нова влада, бидејќи нејзиниот досегашен коалициски партнер - Слободната демократска партија (ФДП), не успеа да освои ниту едно место во Бундестагот.

Блокот на Меркел, што го сочинуваат нејзината Христијанско демократската унија (ЦДУ) и на баварската Христијанско социјалната унија (ЦСУ), освои 41,5 % од гласовите и 311 места во Бундестагот, само пет места помалку од апсолутното мнозинство, со што го постигна најдобриот изборен резултат во последните 23 години и ја стави во позиција да се бори за трет канцеларски мандат.

Меркел (59) се залага за силна економија и ниска невработеност, што и помогна нејзината лична популарност постојано да се држи рекордно високо ниво, за разлика од повеќето лидери во други европски земји кои ги загубија своите функции, откако пред три години избувна должничката криза.
Новата коалиција можно е да доведе до видливи промени во германската политика, иако веројатно таа нема да предизвика значајно отстапување од начинот на управувањето со кризата.

Меркел, која е канцелар од 2005 година и фактички лидер на европската реакција на кризата, пред своите приврзеници изјави дека блокот ЦДУ/ЦСУ поситгнал „супердобар резултат“ и јасно стави до знаење дека има намера да истурка уште еден мандат.

Меѓутоа, и покрај големината на победа, нејзиното идно управување со земјата се уште е незивесно. Нејзините досегашни партнери од лидералнаат ФДП, освоија само 4,8 % од гласовите, со што првпат во повоената историја на Германија не ги минаа петте проценти, колку што изнесува неопходниот цензус за освојување места во Бундестагот.

Меркел веројатно на крајот ќе предводи или влада на „голма коалиција“ со левоцентристичката Социјалдемократска партија на Германија (СПД) на нејзиниот главен ривал Пеер Штајнбрук, или, помалку веројатно, „црно-зелена“ коалиција со партијата Зелени. И во двата случаи се очекуват неколку недели тешки преговори. 

Топката е кај Меркел, изјави Штајнбрук по вчерашните избори на кои неговите социјалдемократи освоија 25,7 %, што е нешто подобар резултат од нивното најслабо повоено остварување од само 23 % пред четири години. Не го постигнавме резултатот што го спосакувавме, призна Штајнбрук.

Новата евроскептична партија Алтернатива за Германија се приближи до петте проценти и иако не влезе во Бундестагот, таа славеше како еден од победниците на изборите. Како што јави ДПА, нејзиниот лидер Бернд Луке пред своите радосни приврзаници изјави дека постигнатиот резултат од освоени 4,7 % е „многу силен“. Ние ги натеравме другите партии да стравуваат и ја збогативме демократијата во Германија, кажа тој.

Шокирачки молк доминираше на постизборниот собир на ФДП по објавувањето на првите резултати. Ова е најтажниот и горчлив момент во историјата на партијата, призна нејзиниот лидер, вицеканцеларот Филип Рослер.

Околу двата милиони конзеративните избирачи, кои гласаа за либералите во 2009 година, кога партијата го оствари најдобриот резултат во нејзината историја освојувајќи речиси 15 % од гласовите, според анализата на ДПА, масовно се вратија кај Меркел.

Партијата, која долго време беше балансер во германската политика, веќе не се смета за компетентна од страна на гласачите, објасни политикологот Оскар Габриел од универзитетот во Штутгарт.

Според конечните резултати од изборите Блокот ЦДУ/ЦСУ на Меркел  освои 311 пратенички места, социјалдемократите 192, Зелените 63 и партијата Левица 64 мандати.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија