Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 20 септември 2013, 13:20, во Европа
Share |
Print page

Мигрантите ќе одлучат кој ќе победи на изборите во Германија?

Мигрантите ќе одлучат кој ќе победи на изборите во Германија?

Иако актуелниот канцелар на Германија е главен фаворит за победа на сојузните парламентарни избори кои треба да се одржат во недела, аналитичари и политиколози наведуваат дека во последните денови од кампањата оној кој сака да победи во Берлин ќе мора на своја страна да ги привлече мигрантите, чие влијание се повеќе расте.

На изборите право на глас имаат речиси 62 милиони Германци, а во трката во која Меркел важи за фаворит, а нејзините демохристијани за најсилна политичка опција, учествуваат 34 партии и 4.451 изборен кандидат.

Германија е поделена на 299 окрузи, а избирачите ќе можат да гласаат на 80 избирачки места. Германија има сложен изборен систем мешавина на пропорцијален и мнозински во кој секој бирач има два гласа - со првиот бира политичка избор за т.н. директни мандати во Бундестагот, а со другиот глас дава поддршка за партија.

Во Германија според Уставот од 1949 година ниту претседателот ниту канцеларот не се избираат со директно гласање на граѓаните туку само во Бундестагот или во Сојузното Собрание.

Според аналитичари можен е постизборен сојуз и дека голема коалиција би била една од можните решенија.

Меркел и Христијанско-демократската унија го имаат спроти себе Пер Штајбрих како кандидат на Социјал демократската партија. Освен голема коалиција како можна, но помалку веројатна опција е продолжување на сегашната коалиција на демохристијаните и либаралите.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија