Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 18 септември 2013, 09:22, во Европа
Share |
Print page

Францускиот државен долг ќе достигне рекордни 95,1% во 2014

Францускиот државен долг ќе достигне рекордни 95,1% во 2014Државниот долг на Франција во 2014 година ќе достигне рекордни 95,1 %, и покрај планот на претседателот Франсоа Оланд да се намали потрошувачката, објави Фигаро.

Владата во следната недела ќе соопшти дека долговите до крајот на 2014 година ќе бидат 1,95 трилиони или 95,1 отсто БДП.

Францускиот министер за финансии Пјер Московиси призна дека долговите ќе бидат „со максимална вредност и потоа ќе почнат да се намалуваат“.

Тој не даде прогноза за очекуван раст. Московиси ја обвини владата на Никола Саркози бидејќи долговите кога е формирана владата на Оланд во 2012 година биле поголеми од 90 % БДП.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија