Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 06 септември 2013, 08:56, во Европа
Share |
Print page

Кипар почна да ги исполнува условите за добивање економска помош.

Кипар почна да ги исполнува условите за добивање економска помош.

Кипарскиот парламент синоќа донесе важен нацрт-закон со кој банките во државата се поставуваат под надзор на централната банка. Тоа е дел од условите за добивање на економскиот пакет за спас на државата вреден 10 милилјарди евра.

На маратонска седница за гласање, пратениците во тој парламент прифатија параграф од законот со кој кооперативните банки ќе добијат 1,5 милијарди евра помош. Синоќа по консултации на министерот за финансии Харис Јоргиадис со лидери на парламентарни групи бил постигнат компромис со што во нацрт законот се извршени измени и тој беше итно изгласан.

Прифаќањето на парламентот за преструктуирање на кооперативните банки е исклучително важно за да може Никозија да ја добие следната транша од 1,5 милијарди евра од меѓународните кредитори. Тие пари ќе бидат вложени во банките за да бидат рекапитализирани. Кипар и кредитори од ММФ и ЕК се договорија во март за економски пакет од 10 милијарди евра.

 


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија