Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 20 август 2013, 14:22, во Европа
Share |
Print page

Британските банкари со повисоки плати, поради страв од „одлевање на мозоци“ после кратењето на бонусите

Британските банкари со повисоки плати, поради страв од „одлевање на мозоци“ после кратењето на бонусите

Две третини од британските финансиски институции им ги зголемија платите на вработените со цел да го спречат одливот на вработени следната година, кога ќе стапи на сила ограничувањето на бонусите во Европската унија.

Ограничувањето, за кои законодавците тврдат дека е неопходно за да се спречи преголемото ризикување во банките, подразбира максимална основна плата од 500.000 евра, со бонуси кои не можат да бидат поголеми од платата, односно можат да бидат двојно поголеми со одобрение од акционерите.

Анкетата на лондонската компанија Роберт Хаф покажа дека 93 % од шефовите на финансиските институции се загрижени дека поради ограничувањето на бонусите од 2014 година ќе ги изгубат вработените. Поради тоа 65 % од компаниите ги зголемиле платите за 20 %, а 60 % од фирмите ги зголемиле бенифициите за вработените.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија