Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 15 август 2013, 12:21, во Европа
Share |
Print page

Словенечките стопанственици загрижени, им се заканува нов електроданок

Словенечките стопанственици загрижени, им се заканува нов електроданок

Во Европа размислуваат за нов придонес за субвенционирање на конвенционалните извори на енергија, на кој наводно сакаат да му се приклучат и словенечките државни енергетичари. Оваа информација за таа можност од словенечкото министерство за инфраструктура и простор и од министерството за финансии - барем за сега - ја негираат.

Така собраните пари би биле наменети за термоелектраните и за се поскапиот шести блок на Термоелектраната Шоштањ (ТЕШ 6) вели за Бизнис плус извор кој сака да биде анонимен.

"На сопственикот на ТЕШ6, државниот Холдинг на Словенечки електрани, им недостасуваат пари. Цената на електрична енергија на пазарот паѓа, а со тоа и нивните приходи. Нов придонес кој би го добиле како сопственици на конвенционални електрани и тоа како добро би им дошло, но не и на веќе осиромашеното стопанство".

Стопанствениците се сложуваат. "Веќе сега сме преоптоварени со даноци", вели Алојз Бурја од компанијата Лип Блед.

"Можниот нов придонес би бил само начин како од веќе осиромашените компании да се извлече повеќе пари", верува Бурја.


КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија