Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 30 мај 2012, 14:26, во Европа
Share |
Print page

Забавувањето на економијата во еврозоната ја намали цената на нафтата

Цените на нафтата на светските берзи се намалија денеска за над 30 центи како резултат на загриженоста на инвеститорите поради забавувањето на економијата во еворозната, што би можело да резултира со пад на глобалната потрошувачка на енергенсот.

Американската лесна нафта за испорака во јули во електронските тргувања пред отворањето на Њујоршката берза поевтини за 38 центи на 90,38 долари за барел, додека во Лондон цената на европскиот „брент“ од Северното Море се намали за 31 центи на 106,37 долари за барел.

Во последниве четири недели цените на нафтата на светските берзи се намалија за 15 проценти, бидејќи инвеститорите стравуваат дека политичките превирања во Грција би можеле да резултираат со нејзино хаотично напуштање на еворозната, што би го вовлекло блокот во подлабока криза.

Дополнително, вознемиреност кај инвеститорите предизвикува и влошувањето на состојбата во шпанската економија, чија малопродажба во април се намали за 9,8 проценти.Стравувањето од проширувањето на кризата и натаму ќе придонесува за забавување на глобалниот економски раст и со тоа и на светската побарувачка на нафта, смета консултантската куќа „Ритербуш анд асошиетс“.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија