Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Објавено 01 февруари 2012, 16:10, во Европа
Share |
Print page

ЕУ ја блокираше интеграцијата на „Дојче берза“ и „Њујоршката берза Еуронекст“

Регулаторните тела на Европската унија (ЕУ) денеска ја блокираа интеграцијата на берзанските оператори „Дојче берза“ и „Њујоршката берза Еуронекст“ (NYSE Eutonekst) за да се формира компанија која би имала надмоќ на европскиот пазар за хартии од вредност, соопшти Европската комисија.

„Њујоршката берза Еуронекст“ и „Дојче берза“ кои уште во февруари 2011 година објавија план за формирање најголема светска берза, соопштија оти ќе се откажат од интеграцијата.Во соопштението на ЕК се наведува дека со здружувањето на двата берзански оператори би се загрозила конкурентноста на новите компании на тоа поле. 

Здружувањето на „Њујоршката берза Еуронекст“ и „Дојче берза“ би резултирало со речиси монополска позицијата на пазарот за финански деривати. Пазарот на акции ја сочиннува самата срж на финансискиот систем, па затоа е од клучна важност за целата европска економија да таа остане конкурентна.

Се обидовме да најдеме решение за тој проблем, но ништо од тоа што смисливме не придонесе да исчезне загриженоста за можниот монопол, истакна европскиот комесар за конкурентност Хоакин Алмунија.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

РЕКЛАМИ


КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

Капитал изданија