Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 16 септември 2011, 15:30, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Американските и британските универзитети најдобри во светот

Американските и британските универзитети најдобри во светотНа топ листата на најдобри високо образовни установи во светот која ја состави британската компанја за консалтинг Кју-Ес (QS - Quacquarelli Symonds) меѓу првите 20 универзитети се дури 13 американски и пет британски.Оваа британска фирма секоја година, осми пат по ред, споредува 26 катедри на 600 универзитети во светот.

Меѓу најдобрите 300 оваа година се најдоа високи образовни институции на 38 земји.Втор пат по ред на самото чело на угледната QS ранг-листа на најдобри универзитети во светот е Кембриџ, а веднаш зад него е Харвард.

Меѓу првите 10 се сите познати имиња: Институт за технологија Масачусестс (МИТ), Универзитетот Јејл, Универзитетот Оксфорд, Империал Колеџ Лондон, Универзитет Колеџ Лондон, Универзитет во Чикаго, Универзитет во Пенсилванија и Универзитет Њу Јоркер Колумбија. 13 од 30 најдобри се универзитети во САД, а 5 се од Велика Британија.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000