Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 07 септември 2011, 13:40, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Твитераши, Агрокор има потреба од вас!

Твитераши, Агрокор има потреба од вас!Футиристричките најави дека времето поминато на Фејсбук и Твитер може да се исплати конечно се докажа и во потезите на големите компании, како на пример Агрокор, кој на својата интернет страница објави оглас за вработување на специјалист за веб комуникација и менаџер за комуникации на Твитер.

Квалификации се навистина интересни: специјалист за web комуникација кој сепак мора да се разбира во маркетинг, но и во социјални мрежи, а како посебен услов на работодавецот е присутноста на мрежите како што се Фејсбук, Твитер, Гугл +, Фликр, Ју Туб, Форсквеар, Тмблр. Ако „губите“ време на телекомуникациските канали, во Агрокор серизно сметаат на вас.

Што се однесува пак на позицијата „комјунити менаџер за Твитер“, во хрватската компанија има голема предност- заедно со познавањето на сите релевантни општествени мрежи-сметаат пишување на блогови, а идеалниот кандидат со Твитер мора активно да се служи најмалку година дена-што треба да се потврди со акаунт на таа социјална мрежа.

Агрокор е една од ретките големи компании која огласите за овие работни места ги постави на Линкедин, социјална мрежа за одржување на деловни контакти, а на двете понудени места за јавуваат кандидати исклучиво преку Линкедин. Агрокор ова го направи прв во регионот, а потегот е совршено логичен: кога бараш вистински комјунити менаџер или специјалист за web комуникација, најдобро место за барање е токмо социјалната мрежа наменета за создавање на деловни контакти.

Агрокор  е прва голема компанија во Хрватска која одлчила да понуди работа икслучиво преку социјалната мрежа Линкедин (преку опцијата Аплај со Линкедин). Во Агрокор наведуваат дека со тоа ја тестираат можноста за вработување преку социјалните мрежи на кои се наоѓаат повеќе од сто илјади хрватски граѓани(службени податоци на Линкедин) што е за пофала со обзир на тоа дека корисниците таму веќе имаат пополнета биографија и препораки, што му ја олеснува работата на секторот за човечки ресурси на Агрокор.

Поврзани вести

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000