Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 22 јули 2011, 14:20, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Проект за медијација во училиштата, финансиран од европските фондови

Проект за медијација во училиштата, финансиран од европските фондовиТехничкото училиште „Наце Буѓони“ и средното училиште „Перо Наков“ од Куманово, во соработка со две училишта од Ќустендил, ќе реализираат проект за медијација во училишта, во вредност од над 80.000 евра, финансиран од средства од програмата на ИПА за прекугранична соработка.

Проектот насловен „На пат кон почит и разбирање“ ќе трае една година, а неговата цел е надминување на конфликтите во училиштата со примена на техниките на медијација и ненасилна комуникација. “Во месец мај годинава во Ќустендил училиштето потпиша договор во рамките на ИПА-програмата за прекугранина соработка и согласно програмата, проектот започнува во јули. Во реализација ќе бидат вклучени 20 ученици и 20 професори и родители како и раководниот кадар на училиштата.
Се очекува преку неговата реализација да се зголеми свеста за конструктивен приод кон конфликтите и знаењето за медијација како начин на решавање на конфликтите. Воедно, ќе се зајакне и меѓусебната соработка на ученици од различни националности и култури и чувството за толеранција и прифаќање на различностите“, изјави Лидија Михајловска од „Наце Буѓони“.

Во проектот ќе бидат вклучени и експерти по медијација и претставници од невладиниот сектор кои ќе имаат свој удел во надминувањето на конфликтите во училиштата. Сите активности ќе бидат презентирани на веб-страница која ќе биде изработена за таа намена.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000