Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 28 јуни 2011, 13:58, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Хрватите не знаат хрватски и англиски јазик?!

Хрватите не знаат хрватски и англиски јазик?!Овогодинешните хрватски матуранти имаат полоши резултати на матурата од минатата година, а најлошо поминаа по предметите хрватски и англиски јазик и книжевност. Подобро поминале со математика, што е изненадувачко за хрватската јавност.

Според резултатите, најтежок предмет за матурантите бил англиски јазик. Скоро секој четврти матурант на полагањето на овој предмет добил оценка доволен или недоволен, што е драстично полош резултат споредено со 2010 година, кога скоро 70% од учениците положиле англиски јазик со високи оценки, пишува хрватскиот весник Вечерњи. За нијанса подобри биле резултатите од тестот по хрватски јазик.

“Она што може да се каже за сите тестови заедно е дека просечните резултати се нешто подобри од лани, но и дека постои помал број на многу добрите ученици и доволните ученици. Со еден збор, може да се каже дека хрватските матуранти ја завршија годината со тројка“, вели Горан Сироватка, директор на Националниот центар за надворешно оценување, кој веќе втора година по ред ја спроведува државната матура во Хрватска.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000