Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 22 јуни 2011, 16:38, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Работниците бараат подобра работа на пазарите во странство

Работниците бараат подобра работа на пазарите во странствоПовеќе од четвртина од работната сила во државите е подготвена да замине во странство за да најде подобра работа, покажува најновото истражување на GfK Custom Research.Според резултатите од анализата, најмногу на тоа се согласни работниците на возраст од 18 до 29 години, а помалку дипломираните и докторите на науки. Најпогодени се Централна и Јужна Америка, речиси 6 од 10 од вработените во Мексико и половина од работната сила во Колумбија.

Две петини од вработените во Бразил и Перу се подготвени да ја минат границата во потрага по подобра кариера. Други пазари што се на врвот од 17-те земји во кои беше спроведено истражувањето за подготвеноста за емиграција за подобра работа, се и Турција на третото место, Унгарија на седмото, Русија на осмото и Португалија и Велика Британија на деветото место.

Дури и САД и Канада кои важат за традиционално стереотипни поради нивната релативна незаинтересираност за живеење во странство се соочуваат со овој проблем. Една петтина од нивните работници се подготвени да се преселат во друга држава за да најдат подобра работа.Истражувањето на GfK покажа и дека еден од четворица вработени во компаниите имаат намера да го напуштат работното место во следните 12 месеци.

Во Македонија ситуацијата во овој поглед е стабилна бидејќи само 18 проценти од вработените активно бараат нова работа. Ситуацијата е загрижувачка во Колумбија и САД каде околу половина од работниците сакаат да ја променат работата, додека Бразил и Белгија се соочуваат со постабилно задржување на работното место. Кај нив само 15 проценти од вработените активно бараат промена на работните места.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000