Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 21 јуни 2011, 11:30, во Едукација и кариера
Share |
Print page

Просечниот годишен одмор во Хрватска трае 25 дена

Просечниот годишен одмор во Хрватска трае 25 денаВработените во Хрватска годинава во просек имаат по 25 дена годишен одмор, што е за 1,7 дена повеќе одмор од минатата година, покажува анкетата која ја спроведе порталот Мој Посао во текот на изминатите два месеца, на примерок од преку 500 испитаници. Околу 42% од анкетираните не се задоволни со должината на годишниот одмор, односно сакаат истиот да им трае малку подолго. Само 2% од нив верува дека годишниот одмор трае предолго и дека тоа влијае на намалувањето на продуктивноста на бизнисот, додека висок процент од 56% верува дека деновите за годишен одмор се сосема доволни.

Без разлика на тоа колку од испитаниците се задоволни со деновите за годишен одмор, она што зачудува е што поголемиот број или вкупно 84% од нив би одбрале попрво да добијат бонуси и покачување на платата отколку да добијат дополнителни слободни денови за одмор. Половина од испитаниците или 43% од испитаниците кои работат и за време на викендите, ја вбројуваат и саботата како ден што се брои за годишниот одмор, додека од оние кои не работат за викенди само 8% од таквите имаат сабота како ден кој се брои во пресметките за годишен одмор. Годинава на одмор планираат да заминат 93% од испитаниците, со 80% од нив за време на летниот период.
И оваа година дури 87% од испитаниците ќе одат два или повеќе пати на годишен одмор, додека 13% ќе го искористат одморот еднократно, што не значи и дека тие во целост ќе го искористат одморот. Интересен е и податокот дека скоро половина од анкетираните или 45% од нив имаат проблем да одат на годишен одмор кога тие сакаат наспроти наложувањата на компанијата за која работат.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000