Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player

Објавено 17 јуни 2011, 15:40, во Едукација и кариера
Share |
Print page

14-ti Охридски летен универзитет

14-ti Охридски летен универзитетАрхеологија, политичка теорија, византологија, студии на холокаустот и родови студии се областите на петте летни школи кои на англиски наставен јазик годинава ќе бидат понудени на 14-тиот Охридскиот летен универзитет кој ќе се одржи во Охрид од 19 јуни до 2 јули.
Од 1998 година, Охридскиот летен универзитет функционира како академска програма наменета за млад наставен кадар, докторанти, постдипломци, истражувачи и професионалци и нуди курсеви базирани на истражувања од областа на општествените и хуманистички науки.

На прес-конференцијата беше истакнато дека Универзитетот дејствува како образовен форум за отворена дебата, нуди теориско истражување и образовна практика. Секоја година учествуваат повеќе од 100 учесници од Централна, Источна и Југоисточна Европа и од поранешните советски републики кои ги следат курсевите во текот на две до три недели. На школите се собираат млади асистенти, научници и доценти кои следат настава од врвни професорски имиња од светот и регионот во различни области. Охридскиот летен универзитет е единствена ваква школа во Југоисточна Европа, а на него досега учествувале повеќе од 1.000 студенти на кои им предавале меѓународно реномирани имиња.

КОМЕНТАРИ

Коментирај

КАПИТАЛ НЕДЕЛНИК

Капитал 783


РЕКЛАМИ

КАПИТАЛ СПЕЦИЈАЛНИ ИЗДАНИЈА

Капитал 000